Мора да спомнеме дека Весна со право им дава епитет на овие ситни колачи со ореви дека имаат кралски вкус. Таа ни кажа дека од секогаш агнеса ситните колачи ги памети како „број 1“. Вели дека можеме да ги правиме и со бадеми, но оригиналниот рецепт е со ореви.
Се прават од повеќе делови, а во рецептот ќе дознате подетално за нивниот редослед и начинот на подготовка.
Состојки:
Прв дел:
- 200 гр путер или маргарин
- 200 гр шеќер
- 200 гр брашно
- 200 гр мелени ореви
- ситно рендана кора од лимон
- 4 белки од јајца.
Втор дел:
- 4 жолчки од јајца
- 200 гр шеќер во прав
- кора од лимон
- 2 ќесички ванилин шеќер.
Трет дел:
- 1/2 филџан млеко
- 200 гр шеќер
- 3 реда чоколадо за готвење
- 200 гр мелени ореви
- 1 ќесичка ванилин шеќер.
- 100 гр путер
- малку кора од портокал и сок од портокал.
Мелени ореви за посипување одозгора.
Подготовка:
- Прво направете го првиот дел. Со помош на миксер заедно со шеќерот, изматете го путерот. Додајте го брашното, претходно измешано со мелените ореви и ренданата кора од лимон. На крај, додајте ги и изматените белки и месете нежно со рака. Смесата ставете ја во претходно намрсен плех со путер и оставете ја да се печи на 180 степени додека зарумени.
- Продолжете со подготовка на вториот дел. Жолчките изматете ги со шеќерот во прав, па додајте ги во садот ќесичките ванила и ренданата кора од лимонот. Овој дел премачкајте го врз првиот, кога е печен и топол, па вратете го колачот во рерна. Рерната треба да биде исклучена и топла од претходното печење, значи овај дел треба само да се „потсуши“ во рерна.
- За третиот дел е потребно да зоврие млекото заедно со шеќерот, а потоа се трга од оган и се додава чоколадото за готвење, мелените ореви, ванилиниот шеќер, путерот и кората и малку од сокот на портокалот. Од оваа смеса најгоре се премачкува трет слој.
- Одозгора се посипува со мелени ореви и колачот се сече на ситни штанглички или кочки. По желба може да направите половина доза во помал плех.
Рецептот го испратил: Весна Рор, Со љубов за вас.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 лесни рецепти за посни визитарски колачи.