Со топлите денови се појавија и многубројните инсекти кои често ни ги расипуваат убавите летни ноќи со нивните убоди и здодевно зуење. Но, постои многу ефикасен начин за да се солободите од овој непријатен проблем. Направете сами ароматични декоративни тегли за одбивање на инсекти без штетни хемикалии.
Ем ќе се заштитите од досадните непосакувани инсекти, ем ќе уживате во убавата арома.

Како да направите домашни ароматични тегли против инсекти?
Сигурно сте слушнале за лимонот и лиметата се ефикасни против инсекти. Па, еве како може да ги направите овие тегли.
Потребни материјали:
- 2 тегли
- 20 капки мешано есенцијално масло од лимон, лаванда и кедар (во секоја тегла капнете по 7 капки од овие масла)
- 1 лимон
- 1 лимета (зелен лимон)
- 4 гранчиња свеж рузмарин
- боровинки по желба
- вода
- пловечки свеќи.
Подготовка и начин на употреба:
- Лимонот и лиметата исечете ги на кругови.
- Во секоја тегла ставете по две гранчиња рузмарин. Потоа, теглите дополнете ги со вода која ќе ја исполни внатрешноста со ¾ од вкупната нејзина површина.
- Во секоја од теглите капнете по 2-3 капки од секое од есенцијалните масла, а потоа додајте и по еден круг лимета и лимон.
- По потреба теглите дополнете ги со уште вода.
- На крај ставете ги пловечките свеќи.
- Вака подготвените ароматични тегли против инсекти изнесете ги надвор, запалете ги свеќите и уживајте во топлите летни ноќи без непосакувани инсекти и убоди.
Совети плус: Секогаш при рака имајте резервни свеќи за да може да ги замените кога старите ќе изгорат. На секој 2-3 дена заменете го старото овошје со ново, измијте ги теглите, а по потреба направете и нова смеса.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 домашни начини да се справите со комарци и инсекти.