Летото е за уживање, а не за борба со разните бубачки и досадните комарци! Уживајте во дворот или каде и да одите. Рајатот е посигурен ако добро се припремите, па погледнете кои најдобри начини, а да бидат лесни и да можат да се изведат дома, ги издвоивме за да можете да ги уништите и спречите бројните комарци и инсекти периодов!
Направете сами замка за комарци
Во лето обично се мачиме со разни и многу бубачки, а се чини дека комарците се најголеми штетници кои не нѐ оставаат на мира. Така, ако сакате мирно да седите на балконот или во дворот, ви предлагаме да ја направите оваа замка и безгрижно да уживате во моментите надвор. Погледнете тука, лесно е!
Ароматично и ефикасно средство против комарци
Постои едно многу едноставно и ефикасно решение против комарци кое може да го направите сами. А, освен тоа ќе имате пријатна, освежителна арома без хемикалии. Потребни ви се еден зелен лимон и семки од каранфилче. Многу лесно и многу брзо, вашето природно средство ќе биде готово, еве како!

Природни спрејови против комарци и инсекти
Спречете ги досадните бубачки и муви! Пробајте со овие едноставни природни решенија за ослободување од бубачките. Прочитајте ги тука нашите совети!
Направете сами свеќа против комарци
Ваквата свеќа, не само што ги брка комарците, мувите, пајаците и другите летачки бубачки, влијае позитивно против главоболка, опушта и го подигнува расположението! Еве како да ја направите!
Природни лекови против убод од комарец
Кога веќе ве каснале мора да преземете мерки. Скоро и да не постои човек кој не почувствувал на своја кожа колку е досадно и иритирачко чешањето предизвикано од убод од комарец. Но, во таков случај имате можност да користите еден од следниве домашни природни лекови кои ќе ви помогнат да ја ублажите болката и чешањето. Кликнете тука за да прочитате за нив.
Ви препорачуваме да прочитате: Ослободете се од досадните мравки со состојки од кујната.