Направете сами свеќа против комарци 1

Направете сами свеќа против комарци

Комарците се вистински „партибрејкери“ и умеат да ја расипат секоја летна забава! Подобро речено можат да не не остават на рајат! Покривањето со креми од глава до пети, не е секогаш идеално решение, па за совршено време и рајат во вашиот двор ви предлагаме да си направите сами свеќа против комарци.

Основата на свеќата е цитронела масло, кое важи за едно од најдобрите етерични масла кога е во прашање растерување на комарците. Маслото е потполно природно, а се добива од листовите и стебленцата на лимонската трева. Има јак, цитрусен мирис, но и освежително слаткаст. Не само што ги брка комарците, мувите, пајаците и другите летачки бубачки, влијае позитивно против главоболка, опушта и го подигнува расположението. Па, има ли нешто поидеално за вашиот двор од ваквата свеќа против комарци?

Можете да правите комбинација со други масла кои помагаат за бркање на бубачките, а такви се маслото од еукалиптус или цимет. Во случај веќе да ве каснале, еве како може да се справите со домашни лекови против убодите.

Направете сами свеќа против комарци 2

А, како да ја направите таа магична свеќа која ги брка комарците?

Потребно ви е:

  • восок (било тоа да се парчиња или восок од стара украсна свеќа, но да е без мирис и боја, или можете да го купите од аптека или пчеларски работници.)
  • дрвени стапчиња
  • тегла со средна големина или украсна порцеланска шолја
  • фитил (може да го најдете во продавници за текстил)
  • трака
  • цитронела масло (10-13 капки)
  • етерично масло од еукалиптус (5-8 капки)
  • чаша за мерење
  • сад со средна големина
  • кујнска ракавица (или крпа)
  • ножици.

Постапка:

  1. Едниот крај на фитилот прицврстете го за основата и спуштете го на дното. За фитилот да стои рамно прицврстете го со помош на стапчињата кои можете да ги залепите за теглата.
  2. За да го стопите восокот, во огноотпорен сад наполнете вода, па ставете го на средна температура да се загрева. Во него ставете помал сад во кој сте го ставиле восокот (слично како топење на чоколадо).
  3. Во стопениот восок додајте го цитронела маслото и етеричното масло од еукалиптус. За тегла која е мала/средна големина се препорачува 10-13 капки цитронела масло и 5-8 капки масло од еукалиптус).
  4. Смесата од восок и масло туретеја во тегличката, а при тоа внимавајте фитилот да стои исправен колку што е можно повеќе и никако да не го преполните до горе.
  5. Оставете добро да се излади, а потоа ставете ја свеќата во фрижидер. Стапчињата нека останат и натаму за да го држат фитилот. Восокот ќе се стврдне за неколку часа и тогаш можете да ги отстраните.

Сега ќе може да уживате во дворот без никаква мака!

Ви предлагаме да прочитате: Направете сами замка за комарци.

Сподели: