убод од комарец

Природни лекови против убод од комарец

Летото има свои не толку пријатни страни, а една од нив се секако досадните комарци. Скоро и да не постои човек кој не почувствувал на своја кожа колку е досадно и иритирачко чешањето предизвикано од убод од комарец. 

Доколку сакате да се заштитите од комарците и инсектите, направете си природни спрејови за тело. Но, во случај да ве касне еден или повеќе комарци, користете еден од следниве домашни природни лекови кои ќе ви помогнат да ја ублажите болката и чешањето.

Коцките мраз го намалуваат отокот

Употребата на коцки мраз или кеса со замрзнат зеленчук може да биде изненадувачки добар лек против убод од комарец. Мразот ќе го намали отокот, а со тоа се намалува и иритацијата на каснатото место. Завиткајте коцки мраз во крпа и нежно притиснете на болното место околу 10 минути (или колку што можете да издржите ладно).

Јаболковата киселина ќе го намали чешањето на кожата од убод на комарец

Јаболковата киселина може да помогне да се избалансира pH вредноста на кожата, а со тоа може да се намали болката и чешањето. На памук ставете јаболкова киселина и нанесете ја на болното место. Доколку се работи за поголем број на убоди можете да ставите јаболкова киселина во купката за капење.

убод од комарец

Искоритете ги ќесички од чај

Природните состојки од чајот, танините, делуваат како атстрингенс кој ги извлекува токсините од кожата и помага во ублажување на непријатното чуство. Искористената ќесичка од чај притиснете ја на болното место и држете додека чешањето се намали.

Маслото од чајно дрво ја смирува кожата

Антисептичкото дејство на маслото од чајно дрво помага во лекување на многу кожни симптоми, меѓу кои и непријатниот убод од комарец. Доколку на располагање имате масло од чајно дрво, на парче памук нанесете мала количина и тријте го болното место. Етеричните масла од нане и лаванда, исто така имаат добро дејство. Сепак бидете внимателни доколку сте чувствителни на етерични масла и по потреба обидете се да ги разредите пред директно да нанесувате на кожата.

Направете паста од сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона и вода за да добиете паста, а потоа нанесете на болното место. Оставете да делува неколку минути додека пастата се исуши, а потоа кожата исплакнете ја со млака вода. Тоа ќе го намали чешањето и ќе ја ублажи болката.

Сподели: