домашен спреј против комарци

Природни спрејови против комарци и инсекти

Сакате ли да ги спречите бројните инсекти, меѓу кои досадните комарци и муви, а не сте сигурни кои препарати ќе ви помогнат најмногу? Прочитајте ги нашите совети и спасете се од нив!

Пробајте со овие едноставни природни решенија да се ослободите од бубачките. За да ги победите на природен начин, потребно е да ја подготвите следната мешавина: 20 капки есенцијално масло, 1 шолја масло од лимоново семе и 1/2 шолја дестилирана вода.

домашен спреј против комарци

Со есенцијалното масло од нане или масло од лимонова трева се третираат просторите околу прозорците, вратите, како и во кујната со цел да спречите појава на наезда од мрави.

Маслото од цимет и маслото од куркума се користат така што се попрскува облеката или се нанесува на изложените делови на кожата, со цел да се одбијат агресивните црни мушички.

Бидејќи комарците се напаст против која е добредојдена било каква помош, пробајте ја добитната комбинација која вклучува масло од мајчина душица. Друга добитна комбинација против убоди од комарци, која секогаш е добредојдена се подготвува од следните состојки: 15 капки етерично масло од лаванда, 3-4 лажици екстракт од ванила и 4-5 лажици чист лимонов сок. Измешајте ја смесата и ставете ја во шише со прскалка, а остатокот дополнете го со вода.

Сподели: