Време е да пробаме од најдобрите македонски бонбони во нова варијанта! Летото е тука и сѐ потсетува на сонце и плажа, а желбата за слатки нешта во боите и мирисот на летото нѐ изостанува. Така се инспириравме и ја креиравме нашата Атлантис торта, која наликува на слатка морска идила! Неодоливо добра на вкус и погодна за секакви пригоди, од домашни до свечени. Не пропуштајте да ја пробате!
Ја декориравме и правевме со мерак, зашто кога состојките се избрани и проверени, за вкусот нема сомнеж. Затоа и ги избравме Атлантис бонбоните на Витаминка како главна состојка и нивниот кремаст вкус го преточивме во торта. Создадена е за уживање во топлите денови и ладното кафе со семејството или пријателите! А што е интересно, не треба да бидете „мајстор“ во кујна, за да може да ја направите и вие дома, па го споделуваме со вас нашиот рецепт.

Состојки:
- 6 јајца
- 9 лажици шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 9 лажици брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво од Витаминка.
За фил:
- 2 ќесички шлаг крем од ванила од Витаминка
- 250 мл ладно млеко
- 150 грама Атлантис Latte Macchiato.
За декорација:
- 2 ќесички шлаг пена од Витаминка
- 250 мл ладно млеко
- 50 грама Атлантис Latte Macchiato
- сина и жолта прехранбена боја
- мелени Деспина кекси
- 1 ќесичка Чоко стоби флипс кокос.
*по желба бонбоните во филот може да ги замените со другите Атлантис вкусови – чоколадни или еспресо.


Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете ги со миксер за време од 5 минути, додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
- Брашното измешајте го со прашокот за печиво. Во садот со изматените јајца додајте ги брашното и печивото. Измешајте ја смесата со лажица.
- Во правоаголна тава (бр.40) ставете хартија за печење. Во тавата ставете ја смесата за пандишпанот и израмнете. Тавата ставете ја во загреана рерна на 200 степени. Печете за време од 7-10 минути, додека пандишпанот порумени.
- Тавата извадете ја од рерна, внимателно превртете го пандишпанот и отстранете ја хартијата. Пандишпанот поделете го на два кружни дела и оставете го да се излади.
- Во меѓувреме бонбоните исечкајте ги на мали парчиња и растопете ги во сад на пареа.
- Во сад за матење ставете го шлаг кремот од ванила и додајте го млекото. Изматете го со миксер за време од 5 минути. Во изматениот шлаг крем додајте ги претходно растопените сечкани бонбони и измешајте.
- Земете еден дел од пандишпанот и ставете го врз чинија за торта. Премачкајте го со 2/3 од приготвениот фил. Врз филот ставете го вториот дел од пандишпанот. Тортата премачкајте ја со преостанатиот фил. По желба тортата ставете ја кратко време во фрижидер за да се стегне филот.
- Во сад за матење ставете ја шлаг пената и додајте го млекото. Изматете со миксер за време од 3-5 минути. Шлаг пената поделете ја на три дела. Во еден дел ставете малку сина прехранбена боја и измешајте. Во вториот дел ставете малку сина и малку жолта прехранбена боја, па измешајте. Потребно е да добиете тиркизна нијанса.
- Врз горната страна на тортата ставете од белата шлаг пена и израмнете.
- Во долниот дел со помош на готварски шприц ставете од сината шлаг пена. Над сината шлаг пена, ставете од тиркизната шлаг пена.
- Горниот страничен дел од тортата премачкајте го со бела шлаг пена. Израмнете и со помош на мала лажичка декорирајте ја тортата во вид на бранови.
- Декорацијата завршете ја со мелени Деспина кекси, Атлантис бонбони и Чоко стоби флипс кокос. Оставете ја тортата кратко време во фрижидер (најдобро е преку ноќ), а потоа послужете ја. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви препорачуваме да прочитате: Колач од детството „Брзи гонзалес“ со кокос.
*Комерцијален текст.