Благодарение на неговиот уникатен состав, уште од дамнешни времиња медот се смета за света храна и природен „лек“ за многу болести. Багремовиот мед против стрес, ливадскиот против алергии, липовиот мед е корисен за закрепнување при настинка, планинскиот ја поттикува циркулацијата и ја зајакнува крвта.
Во гробницата на Тутанкамон биле пронајдени садови со јадлив мед стар преку 3000 години. За време на војните, Грците и Римјаните го користеле медот како храна за јакнење на организмот и брзо зараснување на раните. Медот се користел и во религиозни цели при славење на боговите. За добивање на оваа златна густа течност заслужни се пчелите кои преку процесот на претворање на слаткиот цветен нектар произведуваат мед со разни бои, вкус, мирис и состав.

Медот е дел од алтернативната медицина илјадници години
Лекувањето со мед се нарекува апитерапија, а списокот со неговите лековите дејства е многу долг. Во продолжение ги разработуваме најзначајните придобивки од медот во полза на здравјето.
Го чува здравјето на дишните патишта и ги ублажува симптомите на настинка и грип
Кога сте болни сигурно посегнувате по топол чај со мед и лимон. Овој бабин лек е ефикасен, а истражувањата имаат потврдено дека медот помага за ублажување на симптомите на настинка и грип, како и други болести на респираторниот систем – бронхитис, воспаление на грлото и синусите.
Корисен е при лекување на кожата и има антисептичко дејство
Можеби досега не сте слушнале за придобивките на медот за здравјето на кожата. Ако имате изгореници од сонцето нанесете чист мед. Медот го спречува создавањето на меури и помага во обновувањето на кожата без појава на лузни. При проблеми како што се испукана кожа, осипи, чешање и разни кожни нечистотии, помагаат облоги од мед. Покрај тоа, медот е корисен за зараснување на раните затоа што делува како антисептик, ги намалува болките и ги извлекува отровите од гризнувања и убоди на инсекти. Благодарение на овие лековити својства, медот често се користи во медицината и козметиката за изработка на кремови, лосиони и сапуни за нега на кожата.
Медот има бројни придобивки за здравјето и помага при:
- стомачни тегоби
- запек
- гастритис
- чир на желудник
- зголемување на железото во крвта
- намалување на маснотиите во крвта
- чистење на целиот организам.
Познато е и неговото благотворно дејство при проблеми со очите како што се катаракта и конјунктивит.
Кој мед е идеален за вас? – Различни видови на мед помагаат при различни состојби
- Липовиот мед ги олеснува проблемите на дишните органи и настинка.
- Планинскиот мед ја поттикува циркулацијата, ја регулира работата на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, лечи анемија, го отстранува уморот и го јакне имунитетот.
- Медот од багрем се користи кај проблеми со кардиоваскуларниот систем, запек, а исто така делува смирувачки, помага при несоница, нервоза и напнатост.
- Ливадскиот мед се препорачува при алергии и за јакнење на имунитетот.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот.