чај од куркума и цимет 1

Чај од куркума и цимет – богат со витамини и минерали

Сакате да ги намалите или спречите здравствените проблеми? – На вистинското место сте! За вас имаме еден специјален рецепт за чај од куркума и цимет кој го штити целиот организам. Го нарековме чудесен чај! А, еве и како да си го направите.

Овој чај има важна улога во решавање на многу здравствени проблеми. Содржи состојки полни со витамини и минерали кои придонесуваат за подобро здравје.

чај од куркума и цимет 2

Благодетите на состојките од кои се прави чајот

Скоро и да нема човек кој не сака цимет, особено ако е во комбинација со мед и други избрани состојки. Содржи железо, манган, витамин Ц, витамин К и растителни влакна. Вака подготвен, циметот помага за силен имунитет. Освен тоа, ја подобрува работата на мозокот и го регулира шеќерот во крвта. Оваа комбинација се користи долги години и не само што позитивно влијае на здравјето, туку е и многу вкусна. Циметот во прав најчесто се додава во слатки јадења како торти, колачи, печива, а не е исклучена неговата употреба и во солена храна. Претставува составен дел и на некои пијалоци. Претежно се става во топло чоколадо, варено вино, овошни компоти, кафе, салеп и чај.

Друга главна состојка на овој напиток е куркумата, зачин кој е богат со витамините Б6, Б3 и фолна киселина, а од минералите содржи железо, манган и калиум. Помага при воспаление на грлото, дигестивни проблеми, кожни болести, против дијабетес, дебелина и висок холестерол. Куркумата е зачин со интензивно жолта боја. Со векови се користи како помош при настинки. Богата е со витамин Ц, магнезиум, растителни влакна, витамин Б6 и железо. Помага против анксиозност и депресија.  Таа го поттикнува производството на глутатион кој е есенцијален антиоксиданс за здравјето на мозокот. И, согласно истражувањата, куркумата може да помогне во лекувањето на оштетувањата предизвикани од тешките метали. Истражувањата исто така потврдиле дека куркумата ги штити хипоталамусот, хипофизата и надбубрежните жлезди од оксидативно оштетување.

Во медот се присутни калциум, магнезиум, цинк, железо, витамин Б2, Б3, Б6 и Ц. Медот има антивирусни и антибактериски својства кои придонесуваат за јакнење на имунитетот, дезинфекција на рани и претставува извор на енергија.

Уште една важна компонента на чудесниот чај е кардамомот. Овој зачин се користи при проблеми со уринарниот тракт, ги чисти бубрезите и го намалува високиот крвен притисок. Помага во детоксикација на огранизмот.

Ѓумбирот е богат со витамините А, Ц и К. Најчесто се користи за слабеење, против надуеност и за детоксикација.

Состојки:

  • куркума на врвот од лажичето
  • 1/2 лажица цимет
  • 1 лажиче мед
  • прстофат кардамон
  • 1/2 лажица рендан ѓумбир
  • 500 мл вода
  • млеко по желба.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во еден сад измештајте ги сите состојки.
  2. Состојките прелијте ги со 500 мл зовриена вода. Убаво измешајте.
  3. По желба може да додадете и малку млеко.

Ви препорачуваме да прочитате: Чај и сируп од ловоров лист против кашлица и болки во грлото.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: