кременадли

Печени кременадли во сос

Доколку и вие обожавате брзи рецепти со месо, тогаш ова е вистинското јадење за вас. За помалку од 30 минути ќе подготвите вкусни и сочни, карамелизирани кременадли во сос.  Меки од внатре, а крцкави од надвор, едноставно неодоливи!

За подготовката на ова јадење не е потребно месото претходно да се маринира, па така ќе заштедите време. Тоа ги прави совршени за подготовка кога во последен момент ќе ви се пријаде нешто вкусно или ви се најават гости. Сѐ што ви е потребно е да набавите свежи кременадли со или без коска од Агриа и да одвоите малку време. Крајниот резултат ќе ве воодушеви!

кременадли

Состојки:

  • 4 свински кременадли со коска или без од Агриа
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 лажичка лук во прав
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 6 ситно сечкани чешниња лук
  • ¼ чаша мед
  • ¼ чаша вода или пилешки бујон
  • 2 лажици јаболков оцет
  • свежа мајчина душица по желба.

Подготовка:

  1. Зачинете ги кременадлите со сол, црн пипер и лук во прав непосредно пред да започнете со нивно готвење.
  2. На загреано маслиново масло во тава запржете ги кременадлите од двете страни по 4-5 минути или додека добијат убава златна боја. Потоа извадете ги од тавата и ставете ги во друг сад.
  3. Намалете ја јачината на огнот и во тавата ставете го путерот да се растопи, па додајте го ситно сечканиот лук да се запржи околу 30 секунди или додека испушти пријатна арома.
  4. Додајте ги медот, оцетот и водата и варете ги околу 3-4 минути, додека сосот се згусти. Повремено мешајте.
  5. На крај вратете ги кременадлите назад во сосот. Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 220 степени. Кременадлите печете ги околу 5-10 минути или додека поруменат рабовите на месото.
  6. Вака подготвените кременадли поросете ги со свежа мајчина душица и послужете ги додека се топли со прилог од зеленчук по желба. На здравје!

Наша препорака:

За да одберете кременадли со врвен квалитет ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата или да го побарате нивното свежо месо во Тинекс и Рамстор маркетите. Агриа имаат свежо, вкусно и висококвалитетно свинско месо од домашно производство. Тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Агриа се дел од кампањата „Купувам домашно“ и картичките можете да ги користите во нивните месарници и скари на кило во Велес, Битола и Градско. Да ги поддржиме македонските компании и да правиме добри избори при набавката!

кременадли во сос

Ви препорачуваме да прочитате: Кременадли во кремаст сос од печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: