Православните христијани на 6 јануари го слават Бадник, кој е празник за семејството. Се верува дека на овој ден сите треба да бидат во своите домови, покрај најблиските. Бадник го означува крајот на 40-дневните божиќни пости. Традиционално се припрема бадникова трпеза која што треба да биде посна, но богата и празнична. Верувањата се дека богатата трпеза означува дека и годината ќе биде богата.
Обичаите се разликуваат во зависност од местото, така да во некои краеви од Македонија, има традиција да се меси празнична погача со паричка за Бадник или за Свети Василиј Велики. Домаќинот најпрво го крши погачата на толку парчиња, колку што има членови во семејството, оставајќи едно парче за Господ и едно за куќата. Се верува дека оној кој што ќе ја пронајде паричката ќе го прати здравје, среќа и успех во годината што претстои. Симбол на Бадник е бадниковото гранче, кое задолжително се става на бадниковата трпеза, а потоа се чува до наредната година. Старото бадниково гранче вечерта пред Бадник се гори во оган за да го чува здравјето на сите во семејството.
Според Македонската Православна Црква, собирањето и делењето на бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај и ниту на една друга помесна Православна Црква или народ; исто како и кршењето на лебот со паричката на бадниковата вечера. Епископот Велички Методиј, наведува дека празникот е време кога се прават добри дела. Тоа е уште една важна поента. Обичајот на празничниот леб со паричка имено се темели на неа. Свети Василиј Велики, сакајќи да им раздаде милостиња на сиромасите, а за да не ги посрами пред народот, тајно, во парчињата од празничниот литургиски леб, кој се делел на сите верни по празничната богослужба, ставал по некоја пара и им ја давал на оние кои имале потреба.
На Бадниковата трпеза по вечерата, храната не се трга од масата, затоа што се верува дека Господ ќе дојде преку ноќта да се нахрани. Бадниковата трпеза на нашата пријателка Весна, од страната Со љубов за вас, изгледаше вака:

Рецепти за бадникова трпеза
За богатата бадникова трпеза домаќинките приготвуваат најразлични посни јадења, чии рецепти ги припремивме за вас. Кликнете на насловот и прочитајте го рецептот:
- Посна сарма
- Бадникови питулици
- Бадникова погача со паричка
- Печена тиква
- Бадникови колачиња
- Баклава
- Тавче гравче
- Суво овошје (урми, смокви, кајсии, црни сливи, грозје)
- Јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници)
- Овошје (јаболка, банани, портокали, мандарини, киви)
- Леблебии, маслинки…
По желба може да направите посни соленки, салати и колачиња:
- 15 најдобри рецепти за посни кифлички, лепчиња и пити
- 11 избрани рецепти за посни салати и прилози
- 17 најдобри рецепти за посни колачи и торти.
Што вие припремате за бадниковата трпеза? Какви се обичаите во вашиот крај?