печена тиква

Печена тиква во рерна

Мирисот и вкусот на печената тиква се симбол на есента. И покрај тоа што припаѓа во групата на зеленчуци, тиквата често пати таа има благ вкус и може едноставно да се припреми како нискокалоричен здрав десерт кој не се содржи додаден шеќер и масти, а нуди можности за експериментирање и збогатување на вкусот.

Тиквата е нискокалоричен зеленчук, кој во 100 грама има само 26 калории, а не содржи холестерол и заситени масни киселини. Тоа ја прави одлична храна која често пати ја препорачуваат нутриционистите кај лица кои што имаат покачен холестерол или пак за сите кои што сакаат да ја намалат својата телесна тежина. Тиквата може да се чува на темно, суво и ладно место неколку месеци, и да се искористи при подготовка на различни јадења или сокови. А дали знаете дека тиквата во нашите краеви е пристигната од Мексико или пак дека постојат преку 700 видови тикви? И благодариме на Славица за испратениот рецепт за печена тиква, а повеќе рецепти од авторот може да најдете тука.

печена тиква

Состојки:

  • тиква (големина по ваш избор)

Подготовка:

  1. Тиквата измијте ја со вода, а потоа избришете ја со кујнска хартија.
  2. Исечете ја на парчиња со димензии 4*4 см или по ваша желба и извадете ги семките. Семките од тиква може да ги исчистите и да ги испечете како здрави грицки.
  3. Во тава ставете хартија за печење или алуминиумска фолија и наредете ги парчињата тиква.
  4. Тавата ставете ја во загреена рерна на 220 степени и печете ја тиквата за време од еден час. Времето на печење зависи од големината и дебелината на парчињата тиква. Доколку парчињата се поголеми и подебели можеби ќе ви биде потребно повеќе време за печење.
  5. Печената тиква извадете ја и оставете ја кратко да се излади. По желба, печената тиква може да ја засладите со мед, кафеав шеќер и да ја зачините со цимет или ванила. На здравје!

Рецептот го испратил: Славица Колева

Сподели: