Брза посна торта со афион и мармалад од јагоди 1

Брза посна торта со афион и мармалад од јагоди

Брза и лесна, за мерак! Многу добро ни ја опиша Катерина М. – „Убава, мека и сочна торта која може да ви се најде за време на постот.“ Ние и веруваме, затоа што имаме испробано многу нејзини рецепти, па ви ја предлагаме и оваа брза посна торта со афион и мармалад.

Може да ве интересира: Брза посна торта со мармалад и ореви.

Брза посна торта со афион и мармалад од јагоди 2

Состојки:

  • 3 чаши брашно
  • 1+1/2 чаша шеќер
  • 2 неполни чаши топла вода
  • 1/2 чаша масло
  • 3 лажици афион
  • 3 полни лажици мармалад од јагоди
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 1 ќесичка ванилин шеќер.

* Чашата е од 200 мл.

За премачкување:

  • по потреба мармалад од јагоди

За посипување:

  • полна рака бадеми.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги топлата вода и шеќерот. Мешајте додека шеќерот малку се подрастопи.
  2. Додајте ги постепено останатите состојки и измешајте убаво со жица за матење.
  3. Турете ја смесата во тркалезен калап (бр.26).
  4. Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 25-30 минути (зависно од рерната, а најдобро проверувајте со чепкалка).
  5. Испечениот колач додека е топол премачкајте го со мармаладот и посипете со претходно припремените бадеми (иситнети во блендер или кујнски сечко). Брзо и лесно, тоа е тоа!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна торта со афион и вишни.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: