брзи мафини

Брзи мафини со путер од кикирики

Сите сакаме едноставни, лесни рецепти кои секој може да ги направи. Понекогаш, оние кои се поискусни во кујната, имаат неколку часа слободно време и желба може да направат некој посложен рецепт, но ретко кој може тоа да си го дозволи. Сега, сите кои сакаат да каснат нешто благо, а немаат многу време, имаат уште еден супер рецепт од кујната на Катерина за брзи мафини со путер од кикирики.

Катерина е млада, но многу креативна и искусна во кујната. Штом станува збор за испробани рецепти кои најповеќе ќе им бидат на корист на младите домаќинки, нејзините рецепти се добредојдени за сите. За да ги направите овие брзи мафини, не ви е потребен миксер, а само за 5 минути ќе ги ставите да се печат. Полесни и побрзи, нема!

мафини со путер од кикирики

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 130 гр путер од кикирики (со сецкани кикирики)
  • 180 мл млеко
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • домашно слатко од капини (или друго слатко по желба).

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги јајцето и шеќерот. Изматете ги со жица за матење.
  2. Во садот додајте го путерот од кикирики и ванилиниот шеќер. Убаво измешајте ги сите состојки.
  3. Брашното ставете го во длабока чинија и додајте го прашокот за печиво. Измешајте ги со лажица.
  4. Во садот со јајцето додајте го млекото и на крај постепено додајте го брашното измешано со печивото. Мешајте со жицата за да се добие хомогена смеса.
  5. Секоја вдлабнатина од калапот за мафини премачкајте ја со путер и набрашнете ја.
  6. Наполнете по 3/4 од секоја вдлабнатина од смесата за мафините. Калапот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени, за време од 20 минути. Печените брзи мафини со путер од кикиритки извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  7. Потоа, послужете ги со слатко од капини. Доколку немата слатко од капини, послужете ги со слатко по ваша желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Сочни мафини со слатко од цреши.

Сподели: