Креирано специјално за вас, во кујната на Сѐ за храна! Фантастични на лик, а уште повеќе на вкус. Топло препорачуваме да го пробате нашиот најнов рецепт за брзи мафини со чоколадни трошки. Се топат во уста!
Од избрани состојки! – Време е за нешто слатко и многу вкусно кое ќе го воодушеви целото семејство.

Состојки:
- 3 јајца
- 3 лажици млеко
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици Брилијант масло
- 1 лажиче афионово семе
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 6 полни лажици пире од печена тиква (за замена може пире од варена тиква или мармалад од портокал од Витаминка)
- 1/2 чаша бело брашно
- 1/2 чаша пченкарно брашно
- 1 лажиче прашок за печиво од Витаминка
- 1/2 лажиче сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
- прстофат сол
- 100 грама чоколадни трошки (20-30 грама се оставаат за декорација).
Подготовка:
- Во сад се матат јајцата со виљушка, а потоа се додаваат млекото и маслото.
- Потоа се додава претходно припременото пире од печена тиква (ако немате за замена слободно користете го погоре предложениот мармалад од портокал, испробано е вкусно). Измешајте.
- Во друг сад измешајте ги сувите состојки – шеќерот и ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, содата бикарбона без алуминиум, афионовото семе, белото и пченкарното брашно, солта и чоколадните трошки.
- Промешајте за да се изедначи смесата од сувите состојки, а потоа постепено со мешање, додајте ја во садот со течните состојки.
- Добро измешајте за смесата да биде убаво изедначена.
- Смесата распределете ја во калап за мафини со 12 вдлабнатини. Доколку печите во силиконски калап, како што е во случајов, нема потреба од дополнително намрсување. Ако пак печите во тефлонски калап, може да намрсите со малку путер или маргарин, или да користите хартиени корпички по желба.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, а штом го ставите калапот за мафините внатре, намалете ја температурата на 180 степени и печете 20 минути. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!
Препорака од авторот:
„Од мене може да очекувате супер вкусни рецепти со едноставна и често пати брза подготовка. Обожавам да смислувам и креирам нови вкусови во кујната и да ги пренесувам преку фотографии кои „раскажуваат“. Така, во еден момент на креативност, посакав, вообичаениот вкус на печена тиква да го претворам во нешто интересно со сосема нов облик и на мое задоволство, ги воодушевив домашните. Ние ги уживавме како појадок, со кафе или млеко за прилог, секој по свој вкус. Прекрасни беа за изглед, а уште поубави кога ќе се почувствува нивната мекост во секое залче. Фантазија од вкусни сензации! Полесно здравје, совршено ќе ги направат и најмалку искусните во кујната!
Ако ги направите, ве поканувам да ги споделите во групата на Сѐ за храна, а ако имате дополнителни прашања или сакате да ги споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми ги во порака. Обожавам да готвам, а љубовта кон фотографијата потполно ја надополнува мојата желба да ви ги пренесам моите искуства и совети. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.

Ви препорачуваме да прочитате: Козињак со чоколаден крем.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.