За љубителите на музиката и десертите! Пред 50-тина години за првпат можеа да се купат музички касети, а сега благодарение на креативната Клара може да ги дегустираме овие брзи обланда колачи кои се превкусни и многу лесни за правење!
Слатко уживање за целото семејство, ајде да ги направиме!

Состојки:
- 15 лажици шеќер
- 15 лажици вода
- 125 гр путер или маргарин
- 150 гр мелени ореви
- 250 гр мелени бисквити
- 2 лажици какао
- 1 лист од обланда
- 1 паковање слатки стапчиња – ролери.
Подготовка:
- Во сад на оган ставете ги шеќерот, водата и путерот/маргаринот, па оставете ги да вријат барем 2-3 минути.
- Кога смесата ќе се излади, се додаваат мелените ореви и бисквити и добро се меша.
- Смесата се дели на 2 дела, а во едниот се става какаото и филот добива темна боја.
- Потоа секој фил посебно (црниот и белиот) се делат на 2 дела.
- Обландата се сече по должина на 4 дела, кои идат некаде по 7 см.
- Од нерамната страна 2 дела се премачкуваат со бел, а 2 дела се премачкуваат со црн фил, по што следи редењето и тоа: обланда со бел, над неа со црн фил, ролери (во 2 реда), па над нив обланда со црн фил свртена наопаку и на крај обландата со бел фил (исто така наопаку).
- Се остава преку ноќ, потисната со потешок тап предмет за убаво да се стегне и наредниот ден се сечат парчиња со дебелина од 1 см.
Рецептот го испратил: Клара Бос.
Ви предлагаме да прочитате: Брзи кокосовки.