Брзи памук кифлички и велигденски зајачиња 1

Брзи памук кифлички и велигденски зајачиња – од кујната на Катерина Ш. Спасеновска

Рецепт без грешка! Ако сакате непогрешливо добар рецепт за кифлички, кој и еден почетник може да го погоди совршено, мора да ги пробате моите брзи памук кифлички! Идеално вкусни, лесни за подготовка и баш брзи! А, сега и во празнична варијанта на видеото подолу ви споделувам и како лесно да направите Велигденски зајачиња и да ги израдувате најмилите! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим.

По потреба може да ги замрзните, воопшто не губат на квалитет. Единствено правило кое треба да го запазите за да бидат совршено меки и по одмрзнувањето е да ги оставите да се одмрзнат природно на собна температура. А како совет плус, препорачувам да ги замрзнете потполно изладени и во затворен сад со капак. Вкусната магија ќе се задржи целосно! – вели Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

брзи памук кифлички и велигденски зајачиња 2

Состојки:

За премачкување и додатоци:

  • 1-2 јајца
  • сусам по потреба или други додатоци по желба.

Подготовка:

  1. Во сад се ставаат прво сите суви состојки, се мешаат, а потоа се додаваат течните. Квасецот е доволно да се стопи, не мора да се чека да нарасне.
  2. Се меси добро, додека се оформи меко тесто. Исто, не мора да се чека да нарасне.
  3. Се дели на 2 дела и се расукува или оформува по желба. Во случајов, едниот дел го направив кифлички со стандардна форма, а другиот дел инспирирана од Велигден го претворив во вкусни зајачиња, чие оформување препорачувам да го погледнете на видеото подолу.
  4. За кифлички со стандардна форма се зема еден дел од тестото, се расукува и се сече. Прво се дели на 4 накрсно, а потоа секое парче се сече на уште 3 до 4 дела зависно од посакуваната големина на кифличките. Кифличките се оформуваат веднаш, а важно е да нараснат пред печење (но, да не се премачкани со јајце).
  5. Откако убаво нараснале и се меки на допир, се премачкуваат со изматено јајце и се поросуваат со сусам.
  6. Се печат во загреана рерна на 250 степени, 10 до 12 минути или додека добијат кафеаво златна боја. Јас ги печам на хартија, а ќе добиете 2 плеха кифлички (32 средно големи кифлички ако се сите со стандардна форма или 16 кифлички и 8 -10 зајачиња, зависно од големината). На крај, покријте ги со кујнска крпа и на здравје!

Совети плус:

  • Сувиот квасец може да се замени со 1-2 коцки квасец.
  • Замесеното тесто може да се подели на 4 дела и да добиете 64 помали кифлиња.
  • Одозгора на кифлињата може да ставите ким, афионово семе, оригано или друг зачин по желба наместо сусам.
  • Тестото е одлично за кифлички во разни форми, испробано ми е. Слободно експериментирајте.
  • За повеќе испробани рецепти разгледај ги моите профили и заследи ме: Instagram – @katerina.shambevska и Facebook – Katerina Sambevska Spasenovska.

А знаеш дека може да освоиш и подарок од Жито Лукс? Направи го твојот омилен рецепт со брашно од Жито Лукс и приклучи се во дарувањето кое трае до 18.04.2023. Кликни на линковите и учествувај:

Giveaway - со Жито Лукс

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети и препораки за најдобар велигденски козињак (милиброд).

*Рецептот е овозможен од Жито Лукс.

Сподели: