брзи пикник погачки 1

Брзи пикник погачки – вкусни залчиња за целото семејство

„Нема месење, нема употреба на миксер! Меки, ровки и превкусни! – Целта ми беше да се што похранливи, а со помалку брашно, затоа што посветата на рецептот е за син ми кој има нешто повеќе од година и е мојата непресушна инспирација. Димитар ги обожава вкусните залчиња на мама, па ви гарантирам дека ќе ви се допаднат и вам. Пробајте ги моите брзи пикник погачки кои се одлични за целото семејство, и секако испратете ми ваши фотографии и впечатоци како ви се допаднаа! – срдечно препорачува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим. 

Со насмевка Катерина додава: „Топло време и расположение! Долгите светли и сончеви денови се тука, а тоа е совршена можност за вкусни оброци во природа и за прошетки! А секако, тука е и можноста за уживање во удобностите на домот, балкончето или дворчето, терасата или најблиската ливада, а зошто да не и на домашната трпеза додека сончевите зраци го осветлуваат целиот дом! Секоја седенка е одлична со вкусна храна, па во прва прилика препорачувам да ги пробате. Рецептот за највкусните и брзи пикник погачки кои некогаш ќе ги јадете ви го споделувам тука и сега!

брзи пикник погачки 2

Состојки:

Совети плус за состојките:

  • Наместо зелени перца од лук, може да додадете малку лук во прав и да ставите 2-3 ливчиња спанаќ или блитва.
  • По желба, може да ставите бело, наместо интегрално брашно.
брзи пикник погачки 3

Подготовка:

  1. Во сад ставете ги јајцата и изматете со виљушка. 
  2. Додајте ја изварката, павлаката, киселото млеко, Брилијант маслото, Витанезот, исечканите маслинки, зелените перца од младите лукчиња и изренданите моркови. Убаво измешајте.
  3. Во друг сад измешајте ги сите суви состојки.
  4. Соединете ги двете смеси, па убаво измешајте за добро да се соедини смесата.
  5. Во плех ставете хартија за печење и со помош на 2 лажици ставајте од смесата врз хартијата. Не мора специјално да се трудите во оформувањето на погачките, бидејќи при печењето самите ќе се оформат. За една погачка доволна ви е една полна супена лажица од смесата.
  6. Печете ги во плех обложен со хартија за печење, во претходно загреана рерна на 250 степени, за време од 13-15 минути. Уживајте во светот на вкусовите!
брзи пикник погачки 4

Препорака од авторот:

😊 Ако го пробате рецептот, тагнете ме или испратете ми порака. 👇 Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе испробани рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Печен помфрит од компири и тиквички на лесен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: