Време е кога приготвувањето на зимниците е во полн ек. За да ја олесниме вашата работа ви претставуваме неколку брзи совети за приготвување на зимница како и кое овошје и зеленчук задолжително треба да го искористите.
Секоја домаќинка има свои мали трикови кога е во прашање приготвувањето на зимница кои ги научила од својата мајка или баби. Иако тие совети верно ги следите, сигурни сме дека нема да бидат на одмет и овие совети кои ги пронајдовме.
Што треба да знаете за зимницата?
Закиселувањето и чувањето на зеленчукот за зима подразбира потопување на намирниците во раствор од вода, киселина, сол и зачини кои за време на зимата ја одржуваат свежината на зеленчукот. Многу е важно зимницата да се приготвува во чиста средина и да се користат стерилни садови и прибор.
Во последно време многу е популарно „брзото закиселување“ за кое се користат истите намирници како и при стандардната зимница, но разликата е тоа што зимницата мора да се чува во фрижидер затоа што рокот на траење и доста помал. Предноста на „брзото закиселување“ е што може да експериментирате со вкусовите и одма да дегустирате без чекање.

За време на приготвувањето на зимница обидете се експериментирате и некои стандардни намирници да ги замените со други малку поразлични. За почеток наместо обичен бел шеќер, користете меласа, кафеав шеќер или мед кој ќе му даде поразличен вкус на стандардната зимница. Исто така може да користите ароматизирана киселина или масло.
Намирници кои може да ги искористите
Некои од овие намирници сигурно сте ги користеле за зимница, а некои можеби ви се новитет, но задолжително пробајте ги.
Зелени шери домати
Ако одгледувате шери домати тогаш пред да узреат соберете ги за да ги приготвите за зимница. Овие домати имаат крцкава текстура и се идеални за киселење, а во теглите може да додадете и неколку лути пиперчиња.
Роктвици
Како и доматите, исто така и ротквиците се идеални за зимница. Совршено би се вклопиле во различни сендвичи или салати.
Пченка
Слаткиот вкус на пченката совршено се комбинира со киселината, па затоа пробајте ја како зимница. Пред закиселување сварете ги кочаните, а потоа отстранете ги зрната. За совршено избалансиран вкус, во вашиот раствор за закиселување на пченката додајте и неколку чили пиперки.
Мешунки
Верувале или не, дури и боранија може да ја ставите во туршија. Тоа може да ги направите најчесто со раствор кој го користите за киселење на краставици. Прочитајте како може да направите боранија во тегли.
Кромид
Кромидот може да го закиселите со црвена винска киселина, а додајте и малку шеќер за совршен балансиран вкус.
Ви предлагаме да прочитате: Подготовка на здрава зимница без конзерванси.