„Имам чоколаден предизвик за сите генерации! – Идеална комбинација на чоколадо, портокал и лешници, која секој може да ја направи и тоа само со четири состојки. Време е за споделување на љубов, насмевки и слатки приказни. За празникот на љубовта и виното пригответе чоколадни колачиња со ресани и прославете со саканите.
Нема потреба од печење, комплицирани состојки и големо искуство во кујната. Потребни ќе ви бидат околу 15-тина минути за подготовка, а крајниот резултат сигурно ќе ве воодушеви.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на sezahrana.mk.
Состојки:
- 2 пакувања јафа колачи – ресани
- 50 грама потпечени лешници
- свежо цеден сок и рендана кора од 1 портокал
- 100 грама чоколадо за готвење.
За декорација:
- 200 грама бело чоколадо за готвење
- црвена прехранбена боја.
Подготовка:
- Ресаните исечете ги на мали коцки и ставете ги во длабок сад. Лешниците сомелете ги и додајте ги во садот со кексите. Измешајте со лажица за да се соединат.
- Во мал сад на оган, на умерена температура ставете ги сокот и ренданата кора од портокал. Штом сокот се стопи, додајте го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека чоколадото се растопи.
- Во садот со кексите и лешниците додајте го растопеното чоколадо и измешајте за да се соедини смесата.
- Во правоаголен калап ставете најлонска фолија така што ќе излегува од страните, а потоа додајте ја смесата за колачиња. Со помош на фолијата израмнете ја смесата. Калапот ставете го во фрижидер за време од 1 до 2 часа додека смесата се стврдни.
- Потоа, отстранете ја фолијата и со помош на калап формирајте колачиња по желба.
- Белото чоколадо растопете го на пареа. Колачињата чоколадирајте ги со растопено бело чоколадо.
- Во преостанатото бело чоколадо додајте црвена прехранбена боја и измешајте. Со помош на готварски шприц декорирајте ги колачињата по желба.
- Готовите чоколадни колачиња со ресани подарете ги со љубов и уживајте во светот на вкусовите!
Препорака од авторот:
Ти се допаднаа рецептите? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден рум колач со страчатела фил.