Есенско зимските месеци се идеално време за разни специјалитети со тиква. Некои од нас можеби пробале, а знаеме дека многу од нас не би се сетиле за вака интересен рецепт. Направете си домашен и брз ролат со тиква, превкусен е!
Како и многу други одлични и испробани рецепти, овој вкусен десерт ни доаѓа од кујната и блогот на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone. Еве како да го направите.

Состојки:
- 100 гр брашно
- 2 лажички цимет
- 1 лажичка прашок за печиво
- прстофат сол
- малку мускантно оревче
- 3 јајца
- 150 гр шеќер
- 150 гр пасирана тиква
- 150 гр сечкани ореви.
За фил:
- 200 мл слатка павлака
- 200 мл кисела павлака
- 2 лажици шеќер во прав.
Подготовка:
- Измешајте го брашното со прашокот за печиво, циметот и мускантното оревче.
- Јајцата изматете ги пенесто со шеќерот, па во садот додајте ја тиквата и претходно измешаното брашно со зачините. Измешајте.
- Смесата турете ја во плех обложен со хартија за печење и посипете со сечканите ореви.
- Печете на 180 степени околу 20 минути.
- Извадете ја печената кора од рерната. Префрлете ја врз влажна крпа и завиткајте ролат. Оставете да се излади.
- Изматете ја слатката павлака во цврст снег и додајте шеќер по вкус.
- Внимателно измешајте ја киселата павлака за добро да се соедине филот.
- Кога кората за ролат е потполно изладена, одвиткајте ја.
- Премачкајте ја со филот и завиткајте го ролатот. На крај, посипете со шеќер во прав и послужете.
Ви препорачуваме да прочитате: Сочен куглоф со тиква и портокали.