Одличен богат и исполнет вкус, а сите состојки се исклучиво растителни. Рецептот кој ви го предлагаме за да подготвите вегански мајонез е испробан и сигурно ќе го задоволи вашиот апетит, а исто така е поволен и корисен за целокупното здравје, здрав изглед на кожата, како и корисен за одржување на витка линија со многу помалку калории од обичниот мајонез.
Високото количество на протеини во составот на индиските ореви, како и доволното количесто на минералите железо и цинк, потврдува дека се супер избор за сите кои повеќе консумираат растителна храна или се вегетаријанци. Исто така, се богати со магнезиум, кој е важен за подобрување и зачувување на памтењето и го одложуваат губењето на меморијата со стареењето. Во комбинација со уште неколку состојки, благодарение на Диана, ќе имате можност да си дозволите дегустативно уживање во вегански мајонез.

Состојки:
- 1 чаша непечени индиски ореви
- 1 и 1/2 лажица сенф
- малку мед
- сок од еден лимон
- околу 50 мл вода
- околу 50 мл маслиново масло
- хималајска сол.
Подготовка:
- Индиските ореви преку ноќ се оставаат во вода, а потоа се цедат од водата и се ставаат во блендер.
- Се додаваат и сенфот, медот, сокот од лимон, сол, малку масло и вода. Масло и вода се додаваат колку што е потребно за смесата да биде убава и хомогена.
- Смесата се блендира подолго време додека се добие убав мазен вегански мајонез.
Рецептот го испратил: Диана Мицевска.
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашен посен мајонез.