Домашниот посен мајонез има помалку калории, се прави за брзо, вкусен е и ќе ви се најде за време на пости. Рецептот и начинот на подготовка се едноставни.

Состојки:
- 100 мл соино млеко
- 200 мл сончогледово масло
- 2 мали лажички јаболкова киселина
- 1 мала лажичка сенф
- 1 мала рамна лажичка куркума
- по потреба сол
Подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги додека се добие потребната густина за мајонез.
- Готовиот посен мајонез, соберете во тегличка и чувајете го во ладилник.
Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска
Ви предлагаме да прочитате: Вегански мајонез со индиски ореви.