Вегетаријански лазањи - поснo јадење

Вегетаријански лазањи – поснo јадење

Го прифаќате ли предизвикот за одличен ручек? Ако вашиот одговор е да, тогаш ви е потребно малку време, малку труд и многу желба за уживање во превкусните вегетаријански лазањи, а може да ги јадат и љубителите на посни јадења. Вкусот е богат и свеж!

Вегетаријански лазањи - поснo јадење

Состојки:

  • 12 кори за лазањи
  • 1 главица кромид
  • 2 тиквички со средна големина
  • 500 гр домати
  • 1 лажица шеќер
  • ситно исечкан свеж босилек (за замена може и сув)
  • маслиново масло
  • 100 грама семки од сончоглед
  • 100 грама семки од тиква
  • неколку парчиња црвени шери домати
  • шери домати по желба
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и пропржете го во тава со врело масло.
  2. Излупете ги доматите и додадете ги во кромидот. Мешајте се додека не добиете салса, која мора да биде воденеста, а потоа додадете ги шеќерот, солта, црниот пипер и босилекот.
  3. Тиквичките измијте ги и исечкајте ги на текни кругови.
  4. Тавата премачкајте ја со масло и на дното наредете ги корите за лазањи, а потоа премачкајте со сосот од домати и наредете ги тиквичките. Постапката повторете ја по истиот редослед,  ред лазањи, доматен сос и тиквички. Последна кора од лазања премачкајте ја само со доматен сок и посипете со семки.
  5. Загрејте ја рерната на 180°C и печете 20 минути.
  6. Доколку ставате шери домати, добро измијте ги и пресечете ги на половина, па извадете ги лазањите од рерна и наредете ги. Повторно вратете ги лазањите во рерна и печете ги уште 10 минути.

Уживајте во богатиот вкус на зеленчукот и на здравје!

Сподели: