ќофтиња со праз 1

Вегетаријански ќофтиња од праз и компир во тавче

Пробајте ги нашите вкусни и хранливи ќофтиња од праз и компир! Ќе ви го збогатат менито! А, совршената текстура која ја дава комбинацијата на состојки и неодоливата арома на пржен праз ги прават дури и повкусни од оние со месо. Може да ги послужите како лесен појадок или за ручек со некој посен прилог и салата.

Обожаваме брзи и лесни рецепти кои нѐ држат сити, а при тоа се и здрави за целото семејство. Овие ќофтиња со праз се полн погодок и вистински избор, не само за оние кои се на вегетаријанска исхрана, туку за сите.

ќофтиња со праз 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Компирот измијте го, излупете го и ставете го да се вари. Во меѓувреме исчистете го празот и ситно исечкајте го. Користете го само белиот дел од него. За да си ја олесните работата, по желба може да користите кујнски сечко.
  2. Во сад за готвење загрејте ги петте лажици масло и додајте го сечканиот праз.
  3. Додајте половина лажичка сол и кратко пропржете на средна температура со постојано мешање.
  4. Потоа додајте малку вода и динстувајте додека празот целосно омекне. Омекнатиот праз оставете го да се излади.
  5. Варениот компир изгмечете го со виљушка како пире и во него додајте ги празот, јајцето, лебните трошки, црниот бибер и мешаниот сув зачин по вкус. По потреба додајте и сол.
  6. Смесата добро измешајте ја и распоредете ја на набрашнета работна површина.
  7. Со помош на рацете обликувајте ќофтиња со големина по желба.
  8. Ќофтињата пржете ги на малку загреано масло од двете страни додека поруменат. Праз послужете ги додека се топли. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Веге бургери со тиквичка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: