веге бургери

Веге бургери со тиквичка

Летно, свежо и супер вкусно! Во нашата кујна ги припремивме највкусните веге бургери со тиквичка. Рецепт кој вреди да се направи и дегустира.

Тиквичките се симбол на летото, а може да се приготвуваат на различни начини. Овој пат ги направивме омилените плескавици од тиквички и ги искористивме за подготовка на вкусни веге бургери. Следен пат штом правите ќофтиња или бургери, задолжително пробајте го рецептот кој го приготви Марија од нашиот тим.

веге бургери

Состојки:

  • 4 лепчиња за сендвичи
  • 4 листови зелена салата
  • 1 домат
  • 1 главица црвен кромид.

За веге плескавици од тиквичка (12-14 плескавици):

За сос: 

Подготовка:

  1. Тиквичките изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во длабок сад и посолете ги. Оставете ги 15 минути. Потоа добро исцедете ги.
  2. Во садот со тиквичките додајте ги јајцата и сенфот. Измешајте ги и додајте ги пченкарното, интегралното брашно, прашокот за пециво, лукот во прав и мешаниот зачин. Добро измешајте и зачинете со сол и мелен црн бибер по вкус. На крај додајте ситно сечкан копар, нане или свеж магдонос по избор.
  3. Во нелеплива тава на оган, на умерено висока температура ставете 3-4 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло со помош на поголема лажица или црпалка ставете од смесата и формирајте плескавица. Плескавиците пржете ги по 1-2 минути од двете страни, додека поруменат. Пржените плескавици извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
  4. Во длабок сад ставете ги состојките за сосот и добро измешајте.
  5. Лепчињата за сендвичи пресечете ги на половина и потпечете ги на тостер.
  6. Врз едната половина на лепчето ставете по 1 лажица од сосот, зелена салата, 1-2 веге плескавици, парче кромид и домат. Ставете ја втората половина од лепчето. Постапката повторете ја со сите лепчиња. Послужете и уживајте во светот на вкусовите!
веге бургери

Препорака од авторот:

„Ќофтињата и плескавиците од тиквичка се меѓу омилените летни јадења. Имам пробано различни рецепти за веге ќофтиња, па еве прилика да го споделам овој рецепт кој е мој летен фаворит. Веге плескавиците од тиквичка направени на овој начин се супер вкусни, здрави, меки и сочни. Може да ги послужите во сендвичи или самостојно во комбинација со салата и сос. Најважно при подготовката е да користите свежи зачини како копар, нане или магдонос. Тие го исполнуваат и подобруваат вкусот. Подготовката е брза и едноставна, а резултатот ќе ве воодушеви. Гарантирам дека ќе ви се допаднат, па вашите фотографии очекувам да ми ги испратите на Facebook или Instagram.

Се надевам дека фотографиите кои ги направив ќе ве мотивираат да ги приготвите вкусните веге бургери, а за сите прашања слободно пишете ми. Ако ви треба инспирација што вкусно да зготвите, следете ме на Facebook и Instagram каде може да погледнете повеќе мои испробани рецепти. Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија Кочовска.

веге бургери

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: