Свинска коленица 1

Велигденска свинска коленица

Во потрага сме по најубавите Велигденски рецепти кои ќе ги красат празничните трпези и оваа година. Па така, на блогот на нашата пријателка Лана наидовме на овој интересен рецепт за свинска коленица. Доколку досега не сте подготвувале вакво парче на месо, ќе се уверите дека се прави лесно и едноставно, а крајниот резултат ќе ве воодушеви.

За богата празнична трпеза ви предлагаме оваа година да подготвите свинска коленица, а како прилог супа која ќе ја направите со бујонот од месото и зеленчукот. Така одеднаш ќе добиете предјадење и главно јадење и на тој начин ќе заштедите време. Вкусно и примамливо за целото семејство.

Свинска коленица 2

Состојки:   

  • 1 свежа свинска коленица (околу 2 кг)
  • 2-3 моркови
  • магдонос по вкус
  • 1 крукче целер
  • 2 помали кромиди
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка црн пипер во зрно
  • 1 ловоров лист
  • 1 лист свежа зелка по желба
  • сол по вкус
  • 2 л вода

Подготовка:

  1. Месото ставете го во поголем лонец и прелијте го со ладна вода така што целосно ќе го прекрие. Откако водата ќе зоврие, соберете ја пената од месото и додајте ги морковите, магдоносот, крукчето целер, кромидот, лукот и зачинете по вкус. Намалете ја температурата на готвење и оставете ги месото и зеленчукот да се готват на тивко околу 2 часа додека месото и зеленчукот омекнат.
  2. Извадете го свареното месо и зеленчукот од бујонот, процедете ја течноста и во неа згответе тестенини за супа.
  3. Со помош на нож врз месото направете засеци во облик на мрежа и ставете го во плех за печење. Додајте малку вода, лажица путер или масло и зачинете со црн пипер во зрно и ловоров лист.
  4. Вака подготвената свинска коленица печете ја во претходно загреана рерна околу 30 – 40 минути додека порумени. Додека се печи месото повремено преливајте го со течноста од плехот, а по потреба свртете го од другата страна за рамномерно да се испечи од сите страни.
  5. Како прилог може да подгответе млади печени компири или да го послужите со зеленчукот од супата. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Печено пилешко месо со компири.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: