Ни наближува Велигден, па секој од нас сака да го прослави најубаво што може. Во секој дом со голем мерак, еуфорија и неколкудневно планирање се припрема изгледот на велигденската трпеза. Сите сакаме да биде богата, да биде прекрасна и да го краси домот, да донесе радост и насмевки на лицата на саканите! Затоа си наполнивме кошничка со производи со традиционален квалитет и во соработка со нашите пријатели од Витаминка, припремивме неколку вкусни и брзи рецепти, како и идеи за декорација кои со сигурност ќе ја разубават велигденската трпеза. Ние уживавме во вкусните сензации на јадењата, а веруваме ќе уживате и вие!
Ви припремивме предлози за интересна велигденска крем салата со уникатен вкус, брза крем супа од печурки и неодолив кремаст десерт без печење, а на вас оставивме по избор и желба да си го одберете главното јадење, со кое одлично ќе се вклопат нашиве рецепти за предјадења и десерт. А, пред да ги прочитате рецептите, ако ви е потребна помош околу главното јадење, можеме да ви дадеме насока плус. Бидејќи за време на велигденскиот ручек најчесто се служи јагнешко месо, може да го погледнете рецептот за печено јагнешко месо со моркови и вино. Па, еве како изгледаше нашата трпеза.

Велигденска крем салата со Стоби флипс
Ако има нешто на кое што без двоумење можеме да дадеме одговор, тоа е прашањето за вкусот кој ни го одбележа детството и, ка кој и ден денес ни е неодолив при секоја дружба и седенкако мезе пред да се испече скарата, како „најдобар другар“ на сите патувања… Одговорот е ист во сите тие прилики, крцкавиот Стоби флипс! Токму тие спомени и уживањето во тој традиционален вкус кое трае и до денес, нѐ мотивира да создадеме нова уникатна комбинација и да откриеме нов вкус преточен во велигденска крем салата со Стоби флипс.
Препорачуваме без двоумење да ја пробате! Потребни ви се неколку намирници и тоа: ориз, златна мешавина, Стоби флипс, варени јајца, кисели краставички, кашкавал и Витанез – екстра мајонез. Начинот на подготовка на салата, прочитајте го тука.

Брза крем супа од печурки
Освен салата, како предјадење послужете вкусна, топла крем супа од печурки. Една од нашите омилени е крем супата од печурки од Витаминка. А еве која е тајната на нашата подготовка. Во сад на оган ставете 1 литар вода и додајте ја содржината од ќесичката. Мешајте со жица за матење додека супата зоврие. Штом супата зоврие, додајте сечкани маринирани печурки. Варете за време од 7 до 10 минути. Готовата крем супа од печурки послужете ја додека е топла, со ситно сечкан магдонос.

Брз велигденски десерт во чаша со пудинг од ванила
Разубавете ја велигденската трпеза со брз десерт во чаша! Нема потреба да изгубите многу часови во кујната за да направите слатко совршенство. А што е уште поважно, секој може да го направи овој брз десерт богат со ванила крем. Во склоп со трпезата избравме пудинзи и шлаг крем од ванила, со убава жолта боја, како пролетните лалиња. Вкусот го дополнавме со Синтагма бело млечно чоколадо за торти и бел Луна крем, како и крцкавите интегрални Деспина кекси. Вистинско уживање во чаша за убавите празнични мигови! Се надеваме дека изгледот и состојките на овој кремаст десерт ви го привлекоа вниманието. Потребните состојки и начинот на подготовка, прочитајте го на линкот.

Велигденска вазна со чоколадни весели јајца
А за да биде трпезата уште поубава, направете цветен аранжман со чоколадните весели јајца од Витаминка. Потребни ви се две вазни, една помала, а една поголема. Помалата вазна ставете ја во поголемата. Во поголемата вазна ставете чоколадни весели јајца. Во помалата вазна ставете вода и додајте ги вашите омилени цвеќиња. Ние избравме расцветени гранки од јаболко и сливи, во комбинација со бршлен.
На крај, послужете ладна Цевитана со вкус по ваш избор и дочекајте ги празниците среќни и весели!
*Комерцијални рецепти
Ви препорачуваме да прочитате: Како изгледа и што треба да има на традиционалната велигденска трпеза?