Висок крвен притисок во бременост - како влијае и која е опасноста 1

Висок крвен притисок во бременост – како влијае и која е опасноста

Покачениот  притисок уште се нарекува „тивок убиец“ и тоа не е без причина. Ви откриваме што се треба да знаете за висок крвен притисок во бременост, кои промени може да се појават, кои се опасностите и како може да ја превенирате појавата на оваа состојба.

Покрај проверувањето на телесната тежина и урината, при редовните проверки на гинеколог се мери и крвниот притисок. Иако може да ви изгледа дека крвниот притисок не е нешто за кое треба да се грижите, треба да знаете дека за време на бременоста покачениот крвен притисок може да биде многу опасен.

Какви промени може да предизвика покачен крвен притисок во бременоста?

Кај трудниците покачениот крвен притисок може да се манифестира на три различни начини:

  • Хронична хипертензија. Сите трудници кои и претходно имале покачен крвен притисок, голема е веројатноста дека и за време на бременоста ќе ги мачи оваа појава.
  • Гестациска хипертензија. Тоа е дијабетес кој се манифестира кај трудниците, а претставува промена која ги поминува без поголеми компликации. Не постои одредена причина која го предизвикува, настанува самиот и потоа исчезнува.
  • Прееклампсија. Ова е најтежок облик на висок крвен притисок во бременоста, а се карактеризира со висок крвен притисок, оток и протеини во урината. Тоа може да доведе до мноштво компликации, па дури и смрт.
visok krven pritisok 2

Опасностите од висок крвен притисок во бременоста

Најголемиот проблем со висок крвен притисок е тоа што не појавува речиси никакви симптоми се додека не станат прилично сериозни. За среќа бремените жени кои редовно одат на прегледи, често им мерат крвен притисок и доколку се забележат било какви промени, контролата и мерките за претпазливост ќе бидат зголемени.

Сепак, можно е крвниот притисок да се зголеми без ние тоа да го забележиме. Во моментот кога ќе стане многу сериозна ситуацијата може да се појават симптоми како што се главоболка, промени во видот и гојазност.

Притисокот може да биде опасен, бидејќи на некој начин може да влијае на речиси секој орган во телото, а исто така и на вашето бебе. Како резултат на висок крвен притисок во бременоста, може да произлезат некои компликации како што се:

  • Намален доток на крв во планцентата
  • Одвојување на плацентата
  • Предвремено породување
  • Проблеми со срцето и притисокот по бременоста
  • Оштетување на органите
  • Крвавење
  • Напади
  • Смрт.

Прееклампсија

Прееклампсијата  e поремететување, односно состојба на покачен крвен притисок со зголемена количина на протеини во урината, а понекогаш упатува и на оштетување на бубрезите. Се јавува во втората половина од бременоста. Застапена е помеѓу 5 и 8 % и е една од водечките причини за смрт кај доенчињата и бремените жени. Обично се случува за време на 37-мата недела од бременоста и во тој случај не постои лек освен да се предизвика пораѓај. Тоа е состојба која може да го загрози животот на бремените жени и бебињата.

Сите жени кои пред бременоста имале висок крвен притисок или го развиле во текот на бременоста, не мора да се подложени на прееклампсија, но се изложени на поголем ризик, како и жени со високо ризични бремености, мултипна бременост или жени кои се постари од 35 години.

Како може да се превенира?

Иако во услови како што е прееклампсијата, не може да се стори ништо во смисла на превенција, постојат неколку работи што можете да направете за себе и вашето бебе за заштита од компликации предизвикани од крвен притисок.

  • Контролирајте го притисокот. Ако планирате бременост, контролирајте го притисокот пред да забремените.
  • Научете да ги препознавате знаците. Доколку почувствувате вртоглавица, болка во горниот абдомен, ненадеен оток, главоболки или промени во видот, одете на лекар, бидејќи ова може да бидат компликации поради висок крвен притисок или рани знаци на прееклампсија.
  • Аспирин. Ако во претходните бремености сте страдале од прееклампсија, разговарајте со вашиот лекар да ви препише аспирин, кој може да биде ефикасна превенција кога станува збор за прееклампсија.

Ви препорачуваме да прочитате: Правилна исхрана во бременоста.

Сподели: