витаминот к2

Витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и превенира остеопороза

Повеќето од луѓето никогаш не слушнале за витаминот К2. Но, треба да знаете дека овој моќен нутриент има есенцијана улога во повеќе аспекти за здравјето. За да се запознаеме подетално со него, направивме истражување за поврзаноста на витаминот К2 со здравјето на коските и остеопорозата. Она што го дознавме го споделуваме со сите!

Остеопорозата е болест кој е чест проблем во западните земји и во Македонија. Се карактеризира за порозност на коските и голем ризик за кршливост при најмал пад или удар. Најчесто се јавува кај постарите жени. Како витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и да го намали ризикот од остеопороза ви презентираме во текстот кој следува.

витамин К2

Витаминот К2 има клучна улога во метаболизмот на калциумот

Витаминот К2 има клучна улога во метаболизмот на калциумот – главниот минерал кој се наоѓа во коските и забите. Согласно истражувањата витаминот К2 го поттикнува калциумот да формира силни нераскинливи врски со двата протеини, матрикс ГЛА протеинот и остеокалцинот, што го овозможува градењето и одржувањето на коските.

Исто така, постојат значителни докази од контролирани студии кои укажуваат дека К2 е еден од главните нутриенти кои имаат значајни придобивки за здравјето на коските.

Што велат истражувањата за витаминот К2 и остеопорозата?

Една три годишна студија во која учествувале 244 жени во постменопауза, утврдила дека жените кои земале суплементи со К2 имале значително помали загуби на густината на коските кои се јавуваат со текот на годините.

Долгогодишните студии во кој учествувале жените од Јапонија ги потврдиле сличните придобивки – иако биле користени високи дози на К2. Вкупно биле реализирани 13 студии, а само една студија не успеала да докаже значително подобрување на коските. Седум од овие студии, ги анализирале фрактурите (скршениците). Утврдиле дека К2 ги намалува спиналните фрактури за 60%, фрактурите на колковите за 77% и сите останати фрактури за 81%. Согласно овие докази, во Јапонија суплементите со витамин К официјално се препорачуваат за превенција и третман на остеопороза.

Каде може да се најде кај нас витамин К2?

Витаминот К2 е важен за формирање на силни, здрави коски. Истиот може да се најде во повеќе подгрупи, но најзначајни се MK-4 и МК-7. На нашиот пазар доставен е витамин К2 во форма на МК-7. MenaQ7® MK-7 е уникатна без соја, биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје преку нејзината способност за поддршка на соодветен метаболизам на калциум во крвните садови и артериите.

Повеќе информации за витаминот К2 прочитајте на веб страницата на Тримекс од каде што може и да го нарачате. Исто така, овој витамин MenaQ7® MK-7 може да се најде во подобро снабдените аптеки.  За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови (особено антикоагулантни лекови како што се варфарин, Coumadin®, хепарин) или имате некаква медицинска состојба.

Ви предлагаме да прочитате: Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Сподели: