витамин е

Витамин Е – витамин на младоста

Витаминот Е припаѓа на групата витамини растворливи во масти. Тој е антиоксиданс и има улога да ги превенира оштетувањата на клетките во телото, а може да се најде во различна храна, масти и масла. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на сериозни заболувања како што се срцевите болести и канцер.

Витаминот Е може да се најде во осум хемиски форми:

  • Алфа, бета, гама и делта токоферол
  • Алфа, бета, гама и делта токотриенол

Зошто е важен витаминот Е?

Витаминот Е му помага на телото во создавањето на црвени крвни клетки, овозможува подобро искористување на витаминот К, го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми. Исто така, тој е значаен витамин кој му помага на телото во борбата со канцерогените и срцевите заболувања и инфекциите. Една од функциите на витаминот Е е да го регулира нивото на витаминот А во телото.

Витаминот Е има улога при превенција и/или третман на следните здравствени состојби:

  • Акни
  • Алцхајмерова болест
  • Ангина пекторис
  • Астма
  • Атеросклероза
  • Канцер на градите
  • Дијабетес
  • Епилепсија
  • Неплодност (кај мажите)
  • Воспалувања на мочниот меур
  • Менопауза
  • Мигрени
  • Мултиплекс склероза
  • Канцер на очите
  • Остеоартритис
  • Паркинсова болест
  • ПМС
  • Реуматичен артрит
  • Катаракта
  • Мозочен удар
  • Вагинитис
витамин е

Симптоми при недостиг на витамин Е

Недостаток од витамин Е се јавува кај луѓе кои што не можат да ги апсорбираат мастите во соодветни количини. Симптомите од недостаток Е се следните:

  • Слабост на мускулите
  • Загуба на мускулната маса
  • Абнормални движења на очите
  • Проблеми со видот
  • Нестабилно движење

Доколку недостаток трае подолго време, може да доведе до проблеми со црниот дроб и бубрезите.

Храна богата со витамин Е

Витаминот Е најмногу се среќава во пченичните никулци, црниот дроб, јајцата, јаткаситите плодови како бадеми, лешници, ореви, семки од сончоглед, ладно цедените масла (маслиново, пченкарно и масло од соја), зеленчуците со зелени лисја (спанаќ), слаткиот компир и авокадото.

Сподели: