Витамин К2 – моќен нутриент важен за целокупното здравје

Дали сте слушнале за витамин К2? Дали знаете за што е важен? – Овој моќен нутриент има есенцијална улога и е од суштинско значење за човековото здравје. Витаминот К уште се нарекува и антихеморагичен витамин и витамин на долговечноста. А зошто е тоа така ви откриваме во продолжение на текстот.

Постојат повеќе облици на витаминот К2, а ние ќе ги спомнеме два од нив МК-4 и МК-7 чии својства ги испитавме и како проверени можеме и да го препорачаме. Секако, кога доаѓа во прашање препорака која поврзана со здравјето, наша практика е да се консултираме со Д-р Нела Деспотовска, па да споделиме со сите вас.

Еден од погоре споменатите облици на витаминот К2, уште познат како менакинон 7 или скратено МК-7, е природен облик на витамин К кој го синтетизираат бактериите, а се складира во црниот дроб. Претставува ефикасен борец против двете најчести болести на денешницата, а тоа се остеопорозата и кардиоваскуларните болести. Овие заболувања се најчеста причина за смртност во светот и кај нас, а се тесно поврзани со недостигот на витаминот К2. За разлика од МК-7, обликот МК-4 (менатетренон) не се синтетизира од бактерии, туку се создава на друг начин, но за тоа повеќе во друга прилика.

Витамин К2 – моќен нутриент важен за целокупното здравје

Да се навратиме на основата – што е витамин К?

Витаминот К е откриен во 1929 година како суштинска материја важна за коагулација на крвта, што е научен термин за згрутчување на крвта. Постојат две главни форми на витамин К:

  • Витамин К1 (филокинон) се наоѓа во растителна храна
  • Витамин К2 (менакинон) се наоѓа во храна од животинско потекло и ферментирана храна.

Витаминот К2 е вклучен во коагулацијата на крвта, здравјето на коските и регулирањето на некои клеточни функции во човековото тело. Тој е исто така важен за регулирање на клеточниот раст и за одржување на ѕидот на артериите.

Кои се позитивните влијанија на К2 врз целокупното здравје?

  • Го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања
  • Го подобрува здравјето на коските и го намалува ризикот од остеопороза
  • Го подобрува здравјето на забите
  • Ги намалува воспаленијата
  • Помага во борбата против ракот.

Иако недостатокот на витамин К е редок, неоптималниот внес може да го наруши вашето здравје со текот на времето. Несоодветниот внес може да го наруши згрутчувањето на крвта и да доведе до кршливост на коските, стврднување на артериите и старосно заболување на мозокот, како што е Алцхајмеровата болест. Истражувањата покажале дека К2 витаминот посебно го штити нервниот систем, поточно нервните клетки од оксидативен стрес.

Користењето на антибиотици и некои други лекови, како и оштетување на дебелото црево, може да доведе до дефицит на овој витамин, што е предиспозиција за остеопороза и срцеви заболувања.

Кои се извори на витамин К2?

Како што споменавме, овој витамин е најзастапен во храната од животинско потекло. Тука спаѓаат: пилешко и свинско месо, говедски црн дроб, јајца, млеко и млечни производи. Исто така, пожелно е да консумирате и спанаќ, кељ, брокула, грашок, блитва, боранија, зелка, домати, киви, калинка и авокадо. За да го одржите целокупното здравје, консумирајте ги овие производи почесто, а доколку има потреба внесувајте го и како додаток во исхраната.

Како да се надополни недостатокот на витамин К2?

Ако веќе имате утврдена потреба за суплементација со овој витамин, на нашиот пазар е достапен како витамин К2 во форма на МК-7 или MenaQ7® MK-7. Ова е уникатна форма, без соја и биодостапна форма на витамин К-2 која игра клучна улога во артериското здравје, преку способноста за поддршка на метаболизмот на калциумот во крвните садови и артериите.

Повеќе информации за витаминот К2 прочитајте на веб страницата на Тримекс од каде што може да го нарачате со 40% попуст. Исто така, овој витамин MenaQ7® MK-7 може да се најде во подобро снабдените аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Витамин К2

Предупредување: Само за возрасни. Консултирајте се со вашиот доктор доколку сте бремени или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба.

Ви предлагаме да прочитате: Витаминот К2 може да го подобри здравјето на коските и превенира остеопороза.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: