Нешто што мора да се проба! Ако вообичано сте на некој одреден режим на исхрана, повремено вреди да се почестите со нешто несекојдневно и приготвено дома. За љубителите на мезењето, со топено сирење или различни сосови и јадења, овие фурнарински со фил се превкусни!
Весна е многу вешта во кујната, со мерак ги споделуваме рецептите. За овие фурнаринки таа вели: „Често се на нашата трпеза во најразлични варијанти. Одлично одат со павлака, кисело млеко, летна манџа, со таратор, со било какво мезе, и летно време и зимно. Грицкави, мирисни, превкусни.“

Состојки:
- 400 гр брашно
- 200 мл млака вода
- 1 сув квасец
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажица масло
- малку сол.
За фил:
- 2 лажици крем сирење
- 2 лажици маслиново масло
- сол, може крупна сол, ким, рузмарин, оригано, босилек, буковец, нане… по желба.
Подготовка:
- Квасецот се става со малку шеќер и млака вода да нарасне.
- Се додава брашното, солта, маслото, остатокот од млаката вода и нараснатиот квасец.
- Се меси тестото и се остава да нарасне.
- Тестото се дели на 2 дела, па првиот се расукува.
- Намачкајте го со крем сирење, но многу тенко и додадете зачини по желба.
- Расукајте ја втората кора и ставете ја врз првата.
- Премачкајте со маслиново масло, а премачкајте ја и грил тавата.
- Расечете ленти, посолете ги и печете ги до убава боја.
Совет плус од Весна: Овие дупли фурнаринки може да се прават од било какво пица тесто, а може внатре да се стави доматен сос или нешто друго, но што помалку за да не се разлее.
Рецептот го испратил: Весна Рор.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашни пита лепчиња за гиро.