Се мачите со вишокот на килограми? Колку и да внимавате на исхраната и физичката активност, не можете да ја намалите телесната маса поради чувството на глад? – Не сте сами! Заедно со Д-р Нела Деспотовска ви припремивме водич за намалување на гладот и полесно слабеење.
Ви откриваме кои зеленчуци и овошја се корисни за намалување на гладот, кои супи и салати се препорачуваат од нутриционистите, како и кои додатоци ќе може да ви помогнат за постигнување на вашата цел.

Вишокот на килограми го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес, остеоартритис, психички нарушувања, промени на кожата и други. Затоа е многу важно да се внимава на килограмите и телесната маса. Но, процесот на слабеење не е едноставен! Потребна е психичка стабилност, мотивација и истрајност за постигнување на целта.
Овошја – бананите и јаболката се прв избор против глад
Доколку чувствувате глад, а следниот оброк ви е планиран за подоцна во денот, изедете една банана. Таа ќе го ублажи гладот и без проблем ќе издржите до оброкот. Во бананите има голема количина на калиум и растителни влакна. Двете состојки го подобруваат варењето на храната и даваат чувство на ситост.
Јаболката се богати со растителни влакна и поради тоа ќе се чувствувате сити подолго време. За да изедете едно јаболко ќе ви треба малку повеќе време, па така мозокот ќе има доволно време да ја добие информацијата дека сте најадени.
Зелка, краставици, марули – идеални за салата
Зелените зеленчуци се совршени за намалување на апетитот. Имаат мал број калории, а за брзо време даваат ситост. Токму затоа, пред секој оброк направете си салата од зелка, краставици или марули, и значително ќе го намалите внесот на калории.
Глукоманан – растително влакно кое со векови се користи во традиционалната јапонска медицина за намалување на гладот и полесно слабеење
Glucomannan е растворливо влакно добиено од корен на konjac (Amorphophallus konjac) кое се користи со векови во традиционалната јапонска медицина и може да помогне во одржување на цревниот баланс. Една од најважните придобивки е тоа што глукомананот помага за намалување на чувството на гладот. Комбинацијата од здрава исхрана, глукоманан и физичка активност, помага за намалување на чувството на глад, намалување на вишокот на килограми, забрзување на метаболизмот и севкупно подобрување на здравјето.
Glucomannan-от е познат по прекарот „метла на цревата“. Со само неколку калории, глукомананот создава чувство на ситост со максимална апсорција на вишокот течности кои ја предизвикуваат непријатната надуеност во стомакот. Формулиран е за здрава контрола на телесната тежина благодарение на ефектите на заситеност и нормализација на интестиналниот транзит.
Важно! За да се постигнат максимални резултати се препорачуваат 3 капсули, 1 до 2 пати на ден, со најмалку 250 ml вода, 30-45 минути пред оброк. Бидејќи апсорбира течности, задолжително е капсулите да се испијат со најмалку 250 мл вода.
Повеќе информации за глукомананот може да прочиташ тука: https://vitamini.mk/produkt/glucomannan575-mg-180-kapsuli/
Истиот може да се набави:
- Од онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава до твојата адреса
- Во поголемите аптеки низ земјата.
Доколку го набавиш глукомананот добиваш бесплатно членство во клубот за здраво слабеење. Како да се зачлениш? Испрати ни ја фискалната сметка или фактура од онлајн нарачката на sezahrana@gmail.com.

Бистра супа од зеленчук
Супите се вкусни, а не се претерано калорични. Според истражувањата, луѓето кои дневно на менито имаат две порции супа, намалуваат двапати повеќе телесна тежина од оние кои истите калории ги внесуваат преку друга храна. Секако, подобар избор се бистрите супи од зеленчук, наспроти кашестите супи.
Инулин за намалување на апетитот
Инулинот спаѓа во групата на растворливи (солубилни) растителни влакна. Најмногу го има во корен од цикорија како и во уште 36 000 растенија, меѓу кои и цело зрно пченица, кромид, банани, лук, аспагарус и ерусалимска артичока. Иако има ниска калорична вредност, инулинот може да направи да се чувствувате помалку гладни. Нутриционистите препорачуваат луѓето кои сакаат да ја намалат телесната маса, да го зголемат внесот на диететски влакна. Внесот на инулин на овие лица им помага да го намалат апетитот и истовремено да ги намалат наглите промени во нивото на шеќер во крвта.
Гелот кој се формира кога инулинот се комбинира во вода, се шири во дигестивниот систем. Ширењето на гелот може да помогне во намалувањето на апетитот што потенцијално доведува до губење на вишокот килограми. Исто така, го намалува процесот на празнење на храната од желудникот и истовремено зазема поголем волумен, што доведува до чувство на ситост брзо после оброк.
Нарачај инулин со 30% попуст преку онлајн продавницата на vitamini.mk, со вклучена бесплатна достава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Физичката активност е задолжителна
Телесна активност е составен е дел од процесот на слабеење. Сепак, тоа не значи на напорни тренинзи секој ден. Доволно е само 30 минутна умерена физичка активност како: пешачење, брзо одење, јога или некои лесни вежби. Телесната активност ќе ви помогне во забрзување на метаболизмот.
Може да те интересира: 6 едноставни совети за полесно слабеење.
Водичот е овозможен од vitamini.mk.