водич за први мај

Водич за Први мај – што треба да понесете за вкусна скара во природа

Започнете со подготовките, набавете скара, огрев, месо, пијалаци, зеленчук, спортски реквизити… Направивме водич и чек листа кои секогаш ќе ви бидат при рака штом се припремате скара во природа. Така нема да заборавите ништо, па уживањето во природата, доброто друштво и вкусната скара ќе ви биде загарантирано.

Традиционално за Први мај, многумина од нас одат на излет во природа и приготвуваат скара. Што сѐ е потребно да понесете? 

Скара во природа

Скара – решетка

Прво на листата е скарата – решетка за печење на месото. Ако користите постара скара, исчистете ја и дезинфицирајте пред да ја користите. Со скарата носете и маша, како и големи виљушки за превртување на месото. 

Ќумур и дрва

Задолжително земете вреќа ќумур, запалка и хартија за потпалување на огнот. Добро е да носите и дрва со кои ќе го одржувате огнот. Ситни гранки и мали дрвца побарајте во околината, тие ќе ви помогнат за потпалување на огнот. 

Месо

Ова е најважниот дел. Изберете квалитетно месо, со кое вкусот на скарата ќе биде загарантиран. Наша препорака се Агриа, чие месо може да го најдете во нивните месарници или Тинекс и Рамстор. Колку месо ќе би треба? Планирајте по 300 до 500 г месо на човек, зависно колку време ќе седите и колку оброци ќе имате. За скара се препорачува месо кое содржи масти како:

  • Ќебапи
  • Свински врат
  • Ребра
  • Кременадли
  • Колбаси.
Водич за скара

Прочитај го најдобриот рецепт за домашни ќебапи – од кујната на Марија Кочовска.

Зеленчук

Заедно со месото испечете и зеленчук, како тиквички, печурки, пиперки или модри патлиџани. 

Носете и зеленчук за салата. Набавате зелени зеленчуци кои ги има во изобилство. Изберете марула, краставици и ротквици. Овој период ги има младиот кромид и лук кои идеално се вклопуваат со скарата.

Пијалаци

Набавете си сокови, вода, кафе…

Дополнително понесете и:

Пластични чинии, виљушки, лажици, ножеви, чаши, чепкалки, остар ноќ, две тенџериња во кои ќе го ставите испеченото месо, масло, оцет, сол, леб…

А за добра забава, земете и звучник на батерии. И најважно, не претерувајте со алкохол и уживајте со добро друштво.

Може да те интересира: 5 трикови и совети за сочно месо на скара.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: