Есента започна, а променливото време ни кажува дека треба да го припремиме домот за зимата. Споделуваме 4 домашни активности кои треба да ги вклучиш на листата за есенско чистење. Последните топли есенски денови искористи ги и темелно исчисти го домот.
Со што прво да започнеш? Кујната, облеката или плакарот? Продолжи со читање и дознај како најлесно може да го исчистиш домот.
Генерално внатрешно чистење на домот
За време на зимата повеќе време ќе поминуваме во домот. Ова е една од најважните причини зошто генералното чистење е задолжително во есен. Се препорачува да се направи темелно чистење на теписите, тапацираниот мебел и душеците. Исто, треба да се исчистат завесите, ролетните и да се организираат плакарот и кујнските шкафчиња.
Пред да започнеш набави си средства и опрема за чистење, а од палетата на FINO избери нараквици, сунѓерчиња, влажни крпи, микрофибер крпи, како и ќеси за отпадоци. Наша препорака се Tytan Flex ќесите за отпадоци кои се флексибилни, издржливи, берат поголема количина на отпад, а може да се користат и за други намени. Во текстот ќе ти откриеме за што сѐ можеш да ги користиш.
Исчистете ја кујната и складирајте намирници за зима
Во текот на летото претежно јадеме свежи оброци и салати, овошје и зеленчук. Како времето заладува, така готвењето е позачестено со топли супи и чорби, тави со зеленчук и месо, месени пити, десерти. Затоа потребно е детално да се исчисти и кујната. При чистењето, проверете на кои намирници им поминал рокот на употреба и фрлете ги. Потоа набавате нови состојки за вкусни есенски и зимски јадења – како тестенини, брашно зачини и конзервирана храна. На овој начин, сѐ ќе ви биде при рака секогаш кога ќе ви треба.
Исто, темелно исчистете го и фрижидерот. На видеото погледи како за 15 минути може да имаш чист фрижидер.
Организирајте ги алиштата, постелнините и ќебињата
Веќе е време летните работи да се заменат со зимските. Исчистете ги сандалите и другите летни обувки пред да ги складирате. Тоа ќе ви помогне за да им го продолжите рокот на носење. Истото важи и за алиштата и костимите за капење. Ноќите се поладни, извадете ги дебелите ќебиња и зимската постелнина.
Tytan flex ќесите може да ги искористиш и за складирање на летната облека. Во ќесите поставете ја облеката, а потоа може со правосмукалка да го извлечете воздухот. Погледни го видеото и дознај како може да ја направиш оваа постапка. Или едноставно заврзете ги ќесите – имаат врвки и складирајте ги чистите летни алишта.
Врати и прозорци
Правилната изолација е важна ако сакате да го загреете домот во зима. Ова е причина зошто сега е најдобро време да ја проверите состојбата на рамките на вратите и прозорците и да ги поправите доколку е потребно. Ако вратите и прозорците шкрипат при отворање и затворање, добро е да ги подмачкате како дел од вашата рутина за есенско чистење. Добра идеја е да проверите дали сите рачки работат правилно, а ако прозорците и вратите не се затвораат добро, рачките заменети ги со нови.
Ова се најзначајните активности, а дополнително ти препорачуваме да ги складираш масите и столиците во дворот, да ја исчистиш гаражата, да ги организираш лековите во домашната аптека, да ја провериш вентилацијата и да спречиш појава на мувла, како и да направиш мали поправки низ домот.
Може да те интересира: 3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона.
*Текстот е овозможен од FINO.