Ја обожавам храната од природата, па често пати знам да ја складирам и за подоцна. Верувам дека многумина од вас имаат иста таква навика. Споделувам на кои два начини јас го складирам лозовиот лист и ви откривам кој е мојот омилен несекојдневен рецепт за посна сарма со оваа намирница. Рецептот го смислив пред неколку години и од тогаш го правам често. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Во кујната секогаш сум во потрага по нови вкусови, па ова ми е еден од поинтересните што ги имам смислено како за главно јадење. Топло ви препорачувам да ја направите и пробате оваа превкусна посна сарма подготвена на мој начин. – додава Катерина Шамбевска Спасеновска, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Складирање на лозов лист со обарување и замрзнување
При овој начин на складирање, свежо набраните зелени листови се обаруваат за време од 1 минута во врела вода. Потоа по желба може да ги потопите во ладна вода барем 1 минута, или да ги оставите да се изладат природно. И во двата случаи, резултатот е добар и не постои точна или грешна одлука. Се остраваат да се исцедат и изладат, а потоа се складираат во добро затворени најлонски ќеси.
Повеќе за овој начин на складирање прочитајте тука.
Складирање на лозов лист со конзервирање во тегли
При овој начин на складирање, лисјата се редат во тегла. Прво се мијат со вода. На дното на теглата се става сол. Се редат неколку листови, па се става ред сол и така додека се наполни. На крајот се дополнува со бело вино да ги покрива лисјата. За оваа постапка препорачуваме по 40 лисја во тегла или тоа е колку за едно јадење.

Посна сарма од лозов лист со грав и маслинки
Состојки:
- Обарени и исцедени лозови лисја
- 500-600 г грав
- 15 исечкани маслинки
- 1/2 лажиче куркума
- 2 лажички кари
- 1 лажиче црн пипер
- 1 лажиче копар
- 1 лажиче оригано
- 2 лажички сув босилек
- прстофат рузмарин
- сол по вкус
- 1 лажиче вегета (може, а и не мора)
- 1/2 лажици масло.
Подготовката на посната сарма прочитајте ја тука.
Препорака од авторот:
Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе испробани рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецептите: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна сарма со лозов лист и нане.