„Добрите навики се стекнуваат од мали нозе! Син ми обожава ,,finger food” и грицкање, па ме поттикна да смислам поздрава варијанта на домашни грицки. Излегоа успешни и превкусни, дефинитивно препорачувам да ги пробате. Секој би уживал во супер крцкавите грахам крекери со зачини и семиња!“- порачува Катерина Шамбевска Спасеновска, која е еден од уредниците на нашиот сајт и автор на инстаграм профилот @katerina.shambevska.
„Главните 3 состојки, кои ги спомнувам и во самиот наслов на рецептот, се нешто што секогаш го имам во кујната и се дел од секојдневното домашно мени. А сувиот квасец, ако човек научи да го користи правилно е идеален за брза и лесна подготовка.“ – вели Катерина.

Состојки:
- 10 г сув квасец
- 3 чаши грахам брашно
- 1 чаша млака вода
- 150 мл Брилијант масло
- 20 г ким
- 100 г сусам
- 2 лажици семе од афион
- 1/2 лажица оригано од Витаминка
- 1 лажица сол.
За премачкување и одозгора:
- 1 јајце
- крупна морска сол по потреба.

Подготовка:
- Во сад ставете ги сите суви состојки и измешајте со помош на лажица.
- Додајте ја водата и веднаш потоа и маслото.
- Замесете убаво изедначено тесто и поделете го на 2 дела. Од секој дел, со помош на сукало направете тенка правоаголна кора со дебелина на бисквита.
- Од едната кора исечете ленти, а од другата триаголници. Веднаш ставајте ги во плех за печење, обложен со хартија. Тестото одговара на 2 големи плеха полни со крекери.
- Готовите грахам крекери премачкајте ги со матено јајце и поросете со крупна сол по вкус. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 12 до 15 минути, зависно од рерната. Посакувам добар апетит!
Совети плус:
- Внимавајте да не ги пресолите со крупната сол.
- Ако сакате може и да ги замрзнете, ќе бидат одлични и потоа.
- Формата може да ја менувате по желба.
- Предлог сос: По желба може да ги послужите со едноставен сос од 3 лажици павлака, 1 лажиче Витанез и 1 лажица кечап и поросено со оригано по вкус од Витаминка.

Препорака од авторот:
Обожавам, брзи, вкусни и лесни рецепти! Па, ако ви се допадна предлогов, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram: @katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.