Секој човек треба да внимава на себе и да го негува својот организам, почнувајќи од одржување и нега на усната празнина. Оралното здравје е важен дел од нашето целокупно здравје. Па, топло препорачуваме и ве потсетуваме, водете грижа за здравјето на забите, усната празнина, грлото, носот и ушите!
Со намера да ве потсетиме да се заштитите себе си максимално, истражувавме на темата и ја напишавме оваа содржина.

Дали сте знаеле дека сигналите во усната празнина говорат за здравјето на телото?
Можеби знаете, а можеби не, но постои поврзаност на болестите локализирани во устата, носот и грлото со останатите системи во телото. Воспалението на непцата, расипаните заби, наслаги на забите, болно грло, затнат нос, ушните инфекции и други здравствени проблеми, често се поврзуваат со болести на срцето, очите и слично. Што е тука важно?! – Оралното здравје може да се одржува во добра состојба преку редовни посети на соодветен лекар, а со тоа ќе влијаете на зачувување на целокупното здравје!
Посетувајте стоматолог и оториноларинголог како систематски преглед
Не чекајте болката во забите, грлото или увото да ве натера да посетите лекар. Посетувајте стоматолог и лекар за уво нос и грло барем два пати годишно за да се уверите дека вашите непца и заби се здрави, и немате воспаление или инфекција на грлото, носот или ушите.
Еве ја листата на лекарски совети и препораки за правилна нега на ушите, носот и грлото
- Забите мијте ги темелно пред спиење и уште 2 пати во текот на денот. Користете паста со флуор, а четката менувајте ја на секои два до три месеци.
- Користете конец за заби еднаш дневно.
- По потреба употребувајте специјални гелови и спрејови за секојдневна орална хигиена.
- Користете средство за плакнење на устата, но не веднаш после миење на забите со паста.
- Пијте незасладени чаеви и други потопли пијалаци, а избегнувајте ладни и пијалаци со мраз.
- Правете гаргара со чај од камилица или жалфија. Грлото може да го плакнете и со сода со топла вода.
- Повремено користете спрејови за нос на база на морска вода.
- Ушите внимателно чистете ги со чепкалка за уши, без да навлегувате длабоко во нив.
- Повремено исплакнете ги ушите со вода.
- Посетете оториноларинголог барем еднаш годишно специјално за чистење на ушите со посебен апарат.
- Земајте додатоци со пробиотици кои го штитат оралното здравје.
Наша препорака:
NOW® OralBiotic ™ го содржи природниот пробиотски организам Streptococcus salivarius. OralBiotic успешно ја колонизира усната шуплина на сметка на други бактерии, промовирајќи го оралното здравје. Таа, исто така помага да се подобри здивот кога се користи во комбинација со правилна орална хигиена. OralBiotic е напреден пробиотик кој обезбедува природна заштита на имунолошкиот систем против воспаление на грлото, инфекција на увото и други инфекции на горните дишни патишта. Oral Biotic претставува единствен и потполно нов концепт на додаток во исхраната со цел поддршка на оралното здравје и рамнотежа на микрофлората во устата, грлото и средното уво.
OralBiotic може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а го има и во повеќето аптеки ширум земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Што може да помогне при затнат нос во зима?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.