Дали квасецот е здрав или штетен?

Квасецот се користи за ферментација и нараснување на тестото, илјадници години наназад. Археолозите откриле дека квасецот се користел уште во древен Египет. И покрај долгогодишното користење може да слушнете дека квасецот не е здрав. Дали тоа е точно и кои типови на квасец постоајт ви откриваме во текстот кој следуува.

Што всушност претставува квасецот?

Квасецот е едноклеточна габа која се храни со шеќер и јагленихидрати, претворајќи ги во јаглероден диоксид и алкохол. Јаглеродниот диоксид е она што доведува до нараснување на тестото, додека за правење на пиво и вино се користи квасец за производство на алкохол.

квасец

Типови на квасец

Постојат четири главни типови на квасец кои се користат во исхраната.

Прехранбен квасец – достапен е во форма на прав, богат е со протеини, ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои организмот не може да се синтетизира, растителни влакна, цинк и поголема количина на витамини од Б групата. Понекогаш е збогатен со витамин Б12. Вкусот потсетува на сирење, а може да се додаде во различни јадења.

Пивски квасец – достапен е во форма на таблети, прав или може да се најде во течна состојба. Две мали лажички обезбедуваат 32% од препорачаните дневни потреби за протеини, како и значителни количини од витамините Б, минерали како цинк, хром, железо, магнезиум и растителни влакна. Го зајакнува имунитетот, благодарение на бета глуканите кои ги содржи, го нормализира нивото на шеќер во крвта, ја зголемува енергијата, ги потиснува лошите бактерии, но нема влијание врз кандидата.

Пекарски квасец – се користи за нараснување на тестото. Не се користи како суплемент, иако содржи различни минерали и витамини од Б комплексот, посебно фолна киселина и бета глукани.

Торула квасец – претставува дериват на меласата. Добар е извор на витамини од Б комплексот, хром, аминокиселини и селен. Достапен е во прав и се додава во јадења. По вкус потсетува на месо.

Дали квасецот е корисен?

Не се сите квасци корисни. На пример, кандидата е еден од најпознатите патогени квасци кои може да предизвикаат инфекција. Постојат тврдења дека консумирањето на квасец може да го поттикне развојот на кандидата во организмот, но нема докази кои го подржуваат ова тврдење. Досега не е познато дека квасецот кој се користи во исхраната предизвикува некакви здравствени проблеми кај луѓето. Па, се поставува прашањето, дали лебот со квасец е лош? Веројатно не. Но, рафинираното бело брашно кое често се користи во подготовка на печива е богато со јаглени хидрати кои ја хранат кандидата.

Совет плус: Квасецот може да има реакција со некои лекови, па за неговата употреба како суплемент треба да се посоветувате со лекар. Избегнувајте го во форма на суплементи ако сте склони кон габични инфекции или имунитетот ви е ослабен. Ако пиете лекови за дијабетес и истовремено земате пивски квасец, нивото на шеќер може да падне под нормалните вредности.

Ви предлагаме да прочитате: Квасецот влијае чудесно врз здравјето и убавината.

Сподели: