Голем број девојки посакуваат да имаат долга коса и се прашуваат како да постигнат забрзан раст на косата. Постојат многу природни маски за одржување на здравјето на косата, а секоја од нив си има своја намена.
Така, доколку имате проблеми со кршлива коса која е склона на опаѓање, ви предлагаме две маски кои двојно ќе го забрзаат нејзиниот раст, а сѐ што ви треба се наоѓа во вашата кујна.

Маска од банана за забрзан раст на косата
Состојки:
- 2 пасирани банани
- 1 жолчка од јајце
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон
Подготовка:
- Во сад ставете ги сите состојки и најпрво измешајте ги, а потоа нанесете ги на косата.
- Врз косата ставете најлонска капа, а потоа убаво завиткајте ја во крпа.
- Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути, а потоа измијте ја.
Маска од портокал за забрзан раст на косата
Состојки:
- ½ чаша свежо цеден сок од портокал
- ½ чаша јогурт
Подготовка:
- Принципот на подготовка и нанесување е сличен на претходната маска. Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на косата.
- Врз косата ставете најлонска капа, а потоа завиткајте ја во крпа.
- Оставете да делува 30 до 40 минути, а потоа измијте ја.