зелено детокс смуди 1

Детоксикацијата е клуч за полесен живот – зелено детокс смуди

Детоксикацијата е природен процес кој се извршува секојдневно во нашето тело. Се одвива без никаков особен голем напор, исто како што срцето пумпа крв. Единствено негативно во тој природен процес, е тоа што црниот дроб не може да работи безгранично. Што значи тоа? – Во продолжение ви откриваме неколку факти кои се едноставни за паметење, но и тоа како го подобруваат квалитетот на животот, а исто така еден наш проверен рецепт за детоксикација на телото и органите кои ја чуваат неговата благосостојба.

Црниот дроб е еден од најголемите органи во телото, а на кој не помислуваме често. Има витална улога во здравјето и благосостојбата на човекот. Важен е за процесирање на сѐ она што јадеме, пиеме, дишиме и апсорбираме, вклучувајќи синтетички хемикалии и токсини на кои сме изложени, a доаѓаат од околината, ги внесуваме со храната или ги ставаме на кожата. Тој извршува над 500 телесни функции, затоа треба да бидеме сигурни дека правилно се грижиме за овој витален орган. Црниот дроб обично со леснотија ги спроведува своите функции и процеси, но современиот начин на живот го става цел систем за детоксикација под голем притисок, без разлика колку и да се трудиме да се придржуваме на здравите навики.

зелено детокс смуди 2

Погоре спомнавме дека црниот дроб не може да работи безгранично, а тука ќе појаснеме подетално што значи тоа. Не секогаш, црниот дроб може да ги исфрли сите токсини од телото. Неговиот капацитет е ограничен, па сите остатоци на штетни материи и токсини кои нема да бидат излачени, се таложат во него. На подолг рок ова и тоа како може да штети и да предизвика несакани симптоми како слабост на органимот и разни кожни проблеми. Сигурно сте изненадени, читајќи го овој факт. И не е ни чудно, но важно е да го имате предвид како информација. Кога телото е „преполнето“ со токсини, проблемите на кожата се јавуваат во голема мера. Тоа е така, заради тоа што кога капацитетот на црниот дроб е пополнет, токсините ја препознаваат кожата како „излез за итни случаи“ и „излегувајќи“ појавуваат несакани промени.

Бубрезите исто така играат важна улога во процесот на детоксикација. Примарната улога на бубрезите е одржување на хомеостазата (рамнотежата) на организмот. Со други зборови, бубрезите управуваат со низа процеси за да обезбедат константи параметри во внатрешната средина. Тие помагаат да се одржи нормалната pH на телото, го регулираат балансот на вода и електролити, го одржуваат крвниот притисок и лачат голем број на хормони за регулација на другите органи.

Постојат неколку чувствителни и прецизни системи за повратни информации во телото, вклучувајќи хормонски и нервни одговори кои користат сложен процес за да им дадат сигнал на бубрезите кога и каква акција да преземат. Преку бубрезите се излачуваат токсините кои се растворливи во вода. Местото на екскреција на штетните материи е место каде се поврзуваат црниот дроб и бубрезите. Треба да се грижиме и за двата органи бидејќи доколку отпадот се таложи на црниот дроб, а бубрезите не ја вршат својата работа, токсините се враќаат во крвта. И повторно, ова доведува до кожни проблеми, акни, егзема и псоријаза.

Затоа е важно да се употребуваат еколошки производи кои не содржат штетни хемикалии и да се прави барем повремена детоксикација на телото. Секој може да има придобивки од правилната детоксикација, па еве го нашиот омилен рецепт.

Зелено детокс смуди

Состојки:

  • 12-15 ливчиња спанаќ
  • 1 поголемо јаболко
  • 1 лажица овес
  • 1/2 до 1 рамно лажиче Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 лажичка ленено семе
  • свежо цеден сок од 1/2 лимон
  • 250 мл природен сок од портокал.

Подготовка:

  1. Спанаќот измијте го и оставете го кратко да се исцеди.
  2. Јаболкото измијте го, излупете го по желба и исечкајте го на парчиња.
  3. Во садот за блендирање прво ставете го спанаќот, за потоа да го потиснете со парчињата јаболко.
  4. Додајте ги овесот, Hawaiian спирулината во прав, семките од тиква, лененото семе и соковите од лимон и портокал.
  5. Блендирајте околу 30 секунди до 1 минута, зависно од блендерот, додека сите состојки се соединат. Послужете и на здравје!

Совет плус: Детокс смудито пијте го најмногу еднаш дневно, а пожелно е да биде наутро за максимален ефект.

спирулина детокс смуди 3

Наша препорака за помош на детоксирачките процеси на организмот:

Hawaiian Spirulina е проверено добар избор за сите нас, од деца до највозрасни и за разни здравствени состојби. Hawaiian Spirulina е супер храна која го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Богата е со високо квалитетни протеини и аминокиселини, витамини: бета каротен (витамин А), рибофлавин, фолна киселина, различни минерали како железо, калциум, цинк и селен, и есенцијални масни киселини – омега 3 и 6. Се нарекува и кралица на алгите и супер храна за долг живот. А, ако сакате да дознаете како да изберете најдобра и природна спирулина, прочитајте тука.

Други додатоци на исхраната кои се корисни за детоксикација се следните:

  • N-Acetyl Cysteine (NAC)NAC е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови присутни во овој производ кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими.
  • Choline & Inositol. Choline & Inositol е производ кој во својот состав содржи холин и инозитол. Choline & Inositol се препорачува поради тоа што го поддржува метаболизмот на масните киселини и трансмисијата на нервите.

Hawaiian Spirulina во прав и другите корисни додатоци во исхраната може да ги најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, спирулината е достапна во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Природно и добро за здравјето! Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатна достава.

Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикација на црниот дроб – предуслов за добро здравје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: