Освежува, го детоксицира телото и е прав еликсир за летниот период! Токму вака можеме да ја опишеме вкусната детокс лимонада со праски и зелен чај која ја подготвивме во нашата кујна.
Чајот ги отстранува поткожните маснотии со што се оптимизира работата на лимфната жлезда, ја намалува надуеноста на телото и го нормализира прекумерното лачење на маснотии во кожата. Полифенолоите и катехинот од зелениот чај ефикасно ќе ги отстранат токсините од вашиот организам. Кога токсините се елиминирани, метаболизмот се забрзува и организмот може ефикасно да ги согорува масните наслаги. Во комбинација со лимонот и праските, се добива освежителен детокс пијалак со многу добар вкус. Па, драги пријатели пробајте ја оваа лимонада од која може да ги почестите и пријателите.

Состојки:
- 1 ќесичка зелен чај
- 500 мл вода
- 1 лимон
- коцки мраз
- лимон и праска за декорација
За сируп од праски:
- 1 праска
- 200 мл вода
- стевија, мед или друг засладувач по желба.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари. Пред да зоврие тргнете го тенџерето од огнот и ставете ја ќесичката зелен чај. Оставете ја за време од 5 минути.
- Потоа ќесичката тргнете ја и оставете чајот да се излади.
- Праската излупете ја, отстранете ја семката и исечете ја на помали парчиња.
- Во тенџере на оган ставете ги парчињата праска и додајте ја водата. Засладете со стевија или друг засладувач по желба. Штом водата зоврие, тенџерето тргнете го од огнот, покријте со капак и оставете да се излади за време од 1 час.
- Варената праска заедно со течноста ставете ја во блендер. Миксирајте додека добите хомогена смеса.
- Лимонот исцедете го. Сокот од лимон додајте го во чајот и измешајте.
- Другиот лимон исечете го на кругови. Праската исечете ја кришки.
- Во чаша ставете неколку коцки мраз и додајте ги парчињата лимон и сечената праска. Додајте од 1/3 од чаша од сирупот со праски. Потоа дополнете со изладениот зелен чај со лимон.
- Освежителната детокс лимонада послужете ја веднаш. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.