Имаме пишувано за детоксикација на целото тело, а денес ќе ве научиме како да направите детокс маска за вашата коса.
Детоксикацијата на косата ќе ви помогне да се елиминирате сите штетни материи кои се таложат и допринесуваат таа да биде сува и испукана. Со помош на глина може да направите маска со која ќе го вратите сјајот и волуменот на косата. Оваа маска е најефикасна за коса која често се мрси, но исто така се препорачува и за сува коса.
Покрај тоа, потребен ќе ви биде чај кој зависи од бојата на вашата коса. Доколку имате посветла коса сварете чај од камилица и коприва, а доколку вашата коса има потемна нијанса направете чај од рузмарин и коприва.

Состојки:
- 1 шолја чај
- ½ шолја јаболкова киселина
- ¾ шолја бентонит глина
- 10 капки етерично масло по избор.
Подготовка и време на делување:
- Изладениот чај и киселината ставете ги длабок пластичен сад и постепено додавајте лажица по лажица од глината за да добиете смеса со густина на јогурт. На крајот додајте етерично масло и кратко промешајте.
- Маската нанесете ја на влажна коса од коренот кон врвовите. Оставете ја маската да делува од 5 до 20 минути (внимавајте маската да не се исуши на косата), па измијте ја со млака вода.
- Преостаната детокс маска ставете ја во пластичен сад и употребете ја во рок од една недела.
Забелешка: За да добиете најдобар резултат, глината не смее да дојде во контакт со метал. Детокс маската припремете ја и мешајте ја со дрвен, пластичен или стаклен сад.
Ви предлагаме да прочитате: Хранлива маска за коса од банана, јајца и мед.