Домашен еликсир за младост и добар сон 1

Домашен еликсир за младост и добар сон

За многу кратко време, лукот го ревитализира организмот и го враќа во нормала. Уште од далечното минато луѓето кои често користеле лук во својата исхрана биле многу поздрави во споредба со оние кои не го консумирале или го избегнувале. Тој  се користи за лечење на кандида, намалување на крвниот притисок, одличен е против настинка. А сега, ќе ви презентираме и домашен еликсир за младост и добар сон.

Лукот е одличен антиоксиданс кој нема штетни ефекти и го зајакнува имуниот систем, го успорува стареењето на организмот, ја зголемува отпорноста спрема инфекции и го подобрува сонот. Тој е 100% природен антибиотик и ефикасен борец за целокупно здравје на организмот. Лимонот, исто така е многу корисна намирница и здрава за организмот. Во оваа комбинација тие создаваат еликсир кој ја подмладува и обновува крвта, и овозможува мирен и лесен сон! Одличен е за целокупното здравје.

Може да ве интересира: Со една намирница отстранете го здивот од лук.

Домашен еликсир за младост и добар сон 2

Состојки:

  • 350 гр лук
  • 24 лимони.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Лукот исчистете го и измијте го, а потоа ситно измелете го.
  2. Сите лимони исцедете ги и зачувајте го само нивниот сок.
  3. Измелениот лук ставете го во тегла заедно со сокот од лимоните.
  4. Теглата покријте ја со газа и оставете да стои 24 часа. Од еликсирот пијте еднаш дневно, а пред секоја употреба промешувајте. Еликсирот треба да се пие навечер и тоа по една лажица измешана со 100 мл вода.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук после оброкот.

Сподели: