Домашен и природен густи сок од тиква 1

Домашен и природен густи сок од тиква

Кога станува збор за тиква има небројно многу рецепти во кои може да ја јадеме печена или варена. Една варијација од тие е да направиме превкусен сок. Ако ви се пие нешто домашно и природно пробајте го нашиот рецепт за густи сок од тиква.

Тиквата е нискокалоричен зеленчук, кој во 100 грама има само 26 калории, а не содржи холестерол и заситени масни киселини. Тоа ја прави одлична храна која често пати ја препорачуваат нутриционистите кај лица кои што имаат покачен холестерол или пак за сите кои што сакаат да ја намалат својата телесна тежина. Повеќе за здравствената и хранливата корист од тиквата прочитајте тука.

Домашен и природен густи сок од тиква 2

Состојки:

  • 4 литри вода
  • 2 кг тиква
  • 400 гр шеќер
  • сок од 3 лимони.

Подготовка:

  1. Тиквите измијте, исечете ги и исчистете ги од семките и кората. Така припремени сварете ги во околу 2 литри вода.
  2. Сварената тиква оставете ја да се излади, па испасирајте ја и изблендирајте ја со помош на блендер.
  3. Остатокот од водата сварете го со шеќерот, а кога ќе се излади во течноста додајте го лимоновиот сок и изблендираната тиква.
  4. Добро промешајте ги состојките и турете ги во чисти шишиња. Шишињата може да ги припремите така што ќе ги измиете, ќе ги исушите и потоа оставете ги во рерна околу 20 минути на 50 степени.

Дополнителен совет: Густината на сокот можете да ја менувате така што ќе ја зголемите или намалите количината на вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен сок од тиква – без конзерванси.

Сподели: