Не постои човек на кој не би му сметале лузни на лицето, а најчесто кремите кои помагаат се многу скапи и тешко е да си ги дозволите. И овој пат, моќта на хранливите состојки може да ви помогне да ги лекувате непосакуваните лузни на алтернативен начин.

Лузните на лицето (како и на другите делови на телото) кои најчесто се предизвикани од мозолчиња и акни, можат да имаат прилично големо влијание врз севкупниот изглед. За да ги отстраните без скапо лекување, ви препорачуваме природен крем кој може да го направите сами. Тој е доста ефикасен и доколку редовно се користи, лузните ќе исчезнат за кратко време.
Состојки:
- 4 лажички свежо исцеден сок од лимон
- 4 лажички мед
- 1 белка од јајце.
Подготовка:
- Измијте го лицето, бидејќи потребно е кожата да биде чиста и сува.
- Во чист сад ставете ги состојките и добро измешајте ги.
- Добиениот крем нанесете го директно на местото каде имате лузна.
- Оставете да делува околу 15 минути, па исплакнете.
- Третманот се повторува максимално два пати во неделата.