domasen lek protiv kaslica od lovorov list 1

Домашен лек против кашлица од ловоров лист

Непријатната кашлица е чест проблем во овој период од годината, но треба да знаете дека лекот се „крие“ во вашиот дом. На природен и домашен начин, можете да направите природен сируп кој е домашен лек против кашлица. Помага за да се излечите и да ја вратите енергијата.

Може да ве интересира: Природен сируп за смирување на сува кашлица.

domasen lek protiv kaslica od lovorov list 2

Потребно:

  • 6 ловорови листови
  • 250 мл вода
  • 6 лажици шеќер (најдобро е да е кафеав)
  • 1 лимон.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Водата ставете ја во сад на оган и прво зовријте ја.
  2. Потоа, во неа додајте ги ловоровите листови и варете околу 6-10 минути поклопено со капак.
  3. Извадете ги ловоровите листови и течноста ставете ја во садот во кој ќе биде складиран сирупот.
  4. Додајте го шеќерот и свежо цедениот сок од лимон. Добро промешајте и чекајте шеќерот да се растопи.
  5. Од сирупот земајте по 3-4 лажички дневно. Првиот ден можете и повеќе лажички, односно после секој напад на интензивна кашлица.

Забелешка: Сирупот може да се чува во фрижидер неколку дена. Може да се зема топол и ладен. Многу е делотворен и ја сузбива кашлицата, но во случај на посериозна настинка, ние секако ве советуваме да го посетите својот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен сируп против кашлица од хељда.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: