домашен сируп против кашлица од хељда 1

Домашен сируп против кашлица од хељда

Цветовите на хељдата имаат јак мирис од кој што се добива специфичен мед со јак вкус и темна боја. Токму од овој мед, може да си направите домашен сируп против кашлица, кој многу поволно би влијае, посебно во овој период од годината, кога настинките и кашлиците се честа мака. Подолу може да го прочитате рецептот за овој сируп. Не е тежок за подготовка, а здравјето ќе ви биде благодарно!

Нешто повеќе за хељдата

Многумина сметаат дека хељдата е житарка, но всушност е семе. Таа не содржи глутен, па поради тоа е одлична за сите оние кои патат од  негова интолеранција. Храната од хељда е безбедна и за лица кои страдаат од целијакија, па може да биде соодветна замена за пченица, овес, ‘рж и јачмен. Содржи повеќе висококвалитетни протеини, од кои 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизинот и аргининот, кои се дефицитарни кај повеќето житни култури. Повеќе може да прочитате тука.

домашен сируп против кашлица од хељда 2

Рецепт за сируп од хељда против кашлица

Доколку и вас ве мачат упорни и досадни кашлици, тогаш е време да си го подготвите овој лековит напиток и да си ги олесните тегобите.

Состојки:

  • 1 чаша органски мед од хељда
  • ¼ чаша маслиново или кокосово масло по избор
  • свежо цеден сок од 1 лимон или 2-4 лажици органска јаболкова киселина по избор
  • 1 лажица ситно исечкан лук
  • 1 лажица рендан ѓумбир

*На оваа смеса по желба можете да додадете и лута пиперка.

Подготовка:

  1. Најпрво во подлабок сад со капак, ставете го медот од хељда, па додадете ја лажицата ситно исечкан лук и ренданиот ѓумбир.
  2. Поклопете со капак и оставете ги да отстојат најмалку 8 часа на собна температура.
  3. После 8 часа, во садот турете го маслото и сокот од лимон.
  4. Вака подготвениот сируп добро промешајте го и претурете го во чисто стаклено шише или тегла со капак.

Начин на употреба и чување:

Најмногу се користи кај деца со воспалено грло. Се дава 3 пати на ден по една лажица, а за возрасни може да се дуплира дозата. Овој сируп може да се чува до еден месец, но во фрижидер. Пред употреба доколку е згуснат може благо да се загрее за да стане течен повторно.

Совет плус: Бидејќи овој сируп има многу јак и специфичен вкус, се препорачува место маслиново масло да се користи кокосово, кое значително ќе му го подобри вкусот и ќе го направи попријатен за консумација.

Ви препорачуваме да прочитате: Хељда – растителна храна за инзвонредно здравје.

Сподели: