Ако имате слушнато за растението хељда, тогаш сигурно сметате дека тоа е житарка, поради нејзиниот изглед и начинот на употреба, но сигурно ќе се зачудите кога ќе ви кажеме дека хељдата е всушност семе од овошје.
Но и фактот што хељдата е семе од овошје не ја спречува да има извонредни ефекти на нашето здравје и голема содржина на протеини, витамини и минерали. Во понатамошниот текст ви откриваме што содржи хељдата и како можете да ја подготвувата дома. Хељдата е вкусно и здраво растение кое ни е достапно во текот на целата година и кое лесно можеме да го приготвиме во домашни услови.
Здравствени придобивки од хељда
Хељдата е многу корисна за зачувување и подобрување на нашето здравје токму поради нејзиниот состав кој вклучува многу фитонутриенти, растителни влакна, витамини и минерали кои помагаат во превенција на кардиоваскуларни болести, дијабетес, покачен холестерол во крвта, превенција од појава на каменчиња во жолчната ќеса, заштита од срцеви болести…

Богат извор на материи кои му се неопходни на нашиот организам
Хељдата е богат извор на: манган, бакар, магнезиум, растителни влакна, флавоноиди како што се рутин и кварцетин, железо, витамини од Б групата. Исто како и киноата така и хељдата е производ од растително потекло кој во својот состав ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини во доволни количини, што вообичаено е карактеристично само за намирниците од животинско потекло. Ова значи дека хељдата е извор на комплетен протеин.
Нејзиниот нутритивен состав е богат, а во 100 гр изгледа вака:
- Калории: 343ккал (17% од ДПП)
- Растителни влакна: 10г (40% од ДПП)
- Протеини: 13,2г (26% од ДПП)
- Магнезиум: 231мг (58% од ДПП)
- Бакар: 1,1мг (55% од ДПП)
- Железо: 2,2мг (12% од ДПП)
- Манган: 1,3мг (65% од ДПП)
- Ниацин: 7мг (35% од ДПП)
Безбедна за лица со алергија на глутен
Хељдата е растение кое не содржи глутен и затоа безбедно може да ја употребуваат лица со целијакија. Таа е добра замена за житариците поради својот состав кој ни обезбедува протеини, минерали, и корисни влакна, а притоа го нема потенцијално штетниот глутен.
Автор: Маја Велковска.
Може да ве интересира да прочитате и Киноа.